Коста Зекмановски
Добитник на наградата “13 НОЕМВРИ”
Во своето повеќедеценискo работно искуство како градежен инженер сте работеле голем број значајни објекти за подобрување на сообракајот во Скопје, за што годинава ја добивате наградата “13 НОЕМВРИ”. Кои би ги издвоиле како поважни?
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Архитектите се одлични во
решавањето на комплексни
проблеми и наоѓањето на
иновативни решенија - вели Marjanne
Pearson од консултантската фирма
Marjanne Pearson Associates (www.
talentstar.com), чија специјалност
е пронаоѓање на таленти. Таа
поседува неверојатна способност за
комуникација, а непознавањето на
самата архитектура не и попречило
во оваа област да го изгради
својот имиџ и да стане еден од
најдобрите консултанти во светот.
Кога започнувала со својата
кариера во 1987 година, прв
клиент и бил Френк Гери. Им
помогнала на многу архитекти да
се вработат во најпрестижните
студија во САД. Денес, таа ја уредува
и страница на Twitter со вести,
информации и совети за дизајнери
и архитекти-@ NextMoon.
- Како да ја уредам дневната соба? Покрај гарнитурата за седење во неа би сместила
трпезариска маса со столови, а по можност и комоди. Собата има убав поглед кон
дворот и голема тераса која ја користиме максимално.
Сакаме да уредиме една соба од 13 м2 во приземјето на
нашата стара семејна куќа, за мајка ми која има 75 години и
живее сама. Таа треба да содржи дел за спиење, за јадење,
комода за телевизор, дел за подготвување јадења (шпорет), кaкo и
простор за сместување садови и облека. Што ни предлагате Вие?
На катот од семејната куќа сакам да организирам стан за моето
тричлено семејство. Како да го уредам просторот?
Со долготрајно вежбање на клавир и
слушање музика преку моќни стереофонски
уреди не би сакал да ги вознемирувам
соседите. Затоа ве молам да ме посоветувате
како да ја уредам мојата музичка соба која е
всушност и дневна.
Сакаме да го реновираме
нашиот стан. Со годините
станавм е поразгалени што
се одразува и на нашето
размислување за изгледот
на домот. Сакаме удобност
и посветеност на малите
уживања. Во станот живееме
сопругот и јас. Каква идеја за
уредување на просторот ќе ни
понудите?
Нашата спална соба по димензии не е мала, 3,90x4,80м., но сепак во неа се чуствуваме стеснето. Има прозорци по целата должина на ѕидот со висок парапет. Ви праќаме основа на собата и ве молиме за идеја за предупредување.
Меѓународниот саем за градежни машини, машини за градежни материјали,
рударски машини, градежни возила и градежна опрема „BAUMA“ се одржа
од 19 до 25 април во центарот на баварската престолнина –Минхен.
Најновите иновации, технологии, продукти и сервисни алатки, присуството на
клучните играчи на пазарот со градежни машини го прават овој саем
најголем во светот.
За време на зимските празници бевме во посета на нашите пријатели во маврово. Добивме желба да купиме плац и да изградиме викенд куќа со минимална квадратура во која би се дружеле со пријателите. Не би сакале куќата да е поголема од дваесетина квадрати во основа. Што ни предлагате?
Наша желба за оваа година е да внесеме нов изглед во станот. Ни здодеа подготвување храна во кујна која е во ист простор со терпезаријата. Сметаме дека дојде време нешто да смениме. Во станот живееме мојот сопруг и јас. Освен кујната и дневниот престој, за сега, не би менувале ништо во останатите простории.
Ние сме млада брачна двојка и наскоро треба да се вселиме во нашиот новоизграден стан. Ве молиме да ни помогнете станот да го опремиме така да ни биде удобен и функционален. Во дилема сме како да ја организираме просторијата за дневен престој која е заедно со кујната, а преку неа се влегува во спалната соба.
Решив да Ви пишам и замолам за совет. Мојот проблем е следниот: Сопругот и јас живееме во стан кој според наше мислење е некако несоодветен. Помалата соба, спалната, е свртена кон бучна улица додека поголемата, дневната соба, е свртена на север кон внатрешен двор. Дали постои можност од помалата спална соба да добиеме поголема која би ја користеле како дневна?
Модерна класика за љубителите на стилски мебел