Насловна / Совети / Амбиент со уникатна стилска концепција

Амбиент со уникатна стилска концепција

http://www.porta3.com.mk/images//unikatna-stilska-koncepcija.jpgНаша желба за оваа година е да внесеме нов изглед во станот. Ни здодеа подготвување храна во кујна која е во ист простор со терпезаријата. Сметаме дека дојде време нешто да смениме. Во станот живееме мојот сопруг и јас. Освен кујната и дневниот престој, за сега, не би менувале ништо во останатите простории.

Семејство Тодоровски, Скопје

Исполнете го станот со хармонија, елеганција на концепцијата и сила на деталите. Првиот чекор нека биде создавање единствен простор со отстранување на преградниот ѕид меѓу кујната и дневната соба и дефинирање на новосоздадениот амбиент со уникатна стилска концепција. Се почнува од кујната со зголемување на површината и поставување пулт кој ја одделува од дневната соба. Совршено вклопена во просторот, таа може да биде вистински украс на вашиот дом. Во изработката на кујните, инженерите и дизајнерите се обидуваат да ја обединат високата технологија со топлината на домашната атмосфера. Изберете фронтови од калено стакло како и стаклена работна површина кои ќе создадат впечаток на луксуз и гламур. елементите нека продолжат и во трпезаријата. Дневната соба е пространа, во неа преовладуваат топли тонови на портокаловата боја во сите нијанси, доследно на стилот и колоритот на целиот простор. Собата делува интимно, а сепак е поврзана со останатите делови на ентериерот. Целиот простор така добива нота на флуидност. Практична комуникација овозможена е преку вратата која од влезниот хол води кон кујната и вратата која од холот директно води во дневната соба. големите стаклени површини во кујната и дневната соба дополнете ги со декоративни роло завеси кои во разни “натур програми” на производителите се нудат со голем избор на платна.

 

Билјана Стевковкса – Савиќ,
дипл. инж. арх.

bibisavic@yahoo.com

 

Објавено во број 123

 

Испрати коментар

Scroll To Top