Насловна / Совети / Апартман со драперии на “Лавин”

Апартман со драперии на “Лавин”

apartman.jpgСакаме да го реновираме
нашиот стан. Со годините
станавм е поразгалени што
се одразува и на нашето
размислување за изгледот
на домот. Сакаме удобност
и посветеност на малите
уживања. Во станот живееме
сопругот и јас. Каква идеја за
уредување на просторот ќе ни
понудите?

Милески, Скопје

Вашиот стан е доволно
голем и светол простор
кој може да се уреди
како стан од апартмански
тип. Доволно е кујната
да се отвори кон трпезаријата со
уривање на ѕидот што ги дели. Така
кујната преку пулт-остров ќе се
поврзе со трпезаријата, а од холот
директно ќе може да се влезе во
дневната соба која се состои од два
дела. Поголемиот дел е опремен
со класична гарнитура за седење,
рустично огледало и комода,
додека помалиот дел може да се
уреди како библиотека со полици
како касети поставени на двата
ѕида и да се опреми со удобна
модерна седалка. Широчината и
хармоничниот избор на бои ќе му
дадат елеганција на просторот.
Како инспирација за изгледот може
да послужи најновата колекција на
облека на модната куќа “Лавин”
во која доминира префинетост
и трезвеност збогатена со не-
очекувани софистицирани дра-
перии. Задржете го автентичниот
дабов паркет, стариот мебел
пресвлечен со нов мебел штоф
или кожа во префинети природни
бои. Ентериерот можете да го
освежите со парчиња мебел со
нова интерпретација на стилските
форми. Како детаљ употребете
уметнички платна, антикварни
детали и раритетни парчиња мебел
кои ќе бидат одраз на вашите
емоции и сфаќања за убавото.

 

Билјана СТЕВ КОВСКА- САВИЌ
bibisavic@yahoo.com

Испрати коментар

Scroll To Top