Насловна / Саеми / Саем за градежништво во Скопје 2010

Саем за градежништво во Скопје 2010

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-gradeznistvo-od-temel.jpg

 

Најновите достигнувања во градежништвото и индустријата на градежни материјали ја промовираа повеке од 300 домашни и странски фирми

 

Над 300 домашни и странски компании од областа на градежништвото, изведувачи, производители и трговци со градежни материјали од вкупно 12 држави ја промовираа својата најнова понуда на Меѓународниот саем за градежништво 2010 што годинава седми пат по ред, од 2 до 6 март се одржа на Скопски саем. Најновите производи и технички достигнувања во градежништвото и индустријата на градежни материјали, современи градежни машини и транспортни возила излагачите од вкупно 12 земји ги претставија на 8.000 квадратни метри внатрешен и надворешен изложбен простор.

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-gradeznistvo-od-temel-ading.jpgДека градежниот сектор во светот е во криза не можеше да се почувствува на оваа саемска манифестација која годинава се одржува под мотото „од темел до покрив“. Покрај традиционалните излагачи како што се „Адинг“, „Кнауф“, „Рехау“, „Алумил“, „Ренова“, „БИМ“, „Тондах“, „Титан“ , „Ерголанд“ и други кои секоја година го подигаат нивото на манифестацијата, на саемот директно или индиректно се претставија и излагачи од Австрија, Швајцарија, Чешка, Турција, Италија, Белгија… повеќе или помалку познати во нашата земја. Доминантно учество имаа производителите на градежни материјали, материјали за изолација, градежна механизација и конструкција, столарија, како и производители на машини за обработка на најразновидни градежни материјали. Отворајќи го Саемот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги охрабри учесниците во овој сектор порачувајќи им дека градежништвото и годинава ќе биде еден од главните двигатели на бруто-домашниот производ во Македонија. „Со работата што се отвора за македонската градежна оператива во изградбата и модернизацијата на аеродромите, патиштата, социјалните станови… очекувам раст на градежништвото во 2010 година. “, истакна тој, додавајќи дека светската економска криза во минатата година се одразила и во градежништвото, но инвестициите во овој сектор според последните статистички податоци се зголемиле за околу 146 милиони евра во споредба со 2008 година.

Претседателот на Управниот одбор на “Скопски саем” Гвидо Омладич забележа дека најдоброто оружје во борбата против неповолната економска состојба предизвикана од светската економска криза е деловниот промотивен настап и отворен повик за поврзување, откривање нови пазари и создавање нови можности во градежништвото.

Испрати коментар

Scroll To Top