Насловна / Вести / Букурешт гради три големи базени за собирање на дождовница

Букурешт гради три големи базени за собирање на дождовница

Букурешт планира изградба на три големи базени за собирање на дождовница, со цел да го намали ризикот од поплави во текот на обилни врнежи, соопштила Градската управа на Букурешт. Ваквите базени се користат како привремени резервоари за атмосферска вода, со цел да се избегне огромна количина на вода во краток период да заврши во канализација.  Првобитно таа се задржува во базените а потоа постепено се испушта во канализациониот систем.

Базените ќе бидат изградени во деловите на градот кои посебно се изложени на поплави. На првата локација веќе се завршени два подземни базени – еден за атмосферски води со капацитет од 2.000m3 и другиот за отпадни води со капаццитет од 100m3

Вториот базен кој е на засебна локација ќе има капацитет од 4.200m3 и ќе ја собира дождовницата од површина од околу 13 хектари. За третиот базен сеуште се подготвува физибилити студија.

Испрати коментар

Scroll To Top