На 11 јули во општествената градина „Бостание“, проф. д-р Јана Клопчевска од Технолошко металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одржa работилница на темата: „Науката во чинија: Молекуларна гастрономија од градината“.


Работилницата овозможи гастрономско искуство, при кое учесниците истражуваа можности за трансформација на локалните растителни состојки применувајќи техники на молекуларната гастрономија.

Преку заедничка подготовка и дегустација се создаваа необични текстури, форми и вкусови инспирирани од природата и градината, отворајќи разговор за односите меѓу почвата, храната, науката и културата. Работилницата имаше цел да покаже како современите гастрономски техники можат да ја продлабочат нашата врска со локалните ресурси и колективното создавање.

Настанот е дел од програмата на „Микрофестивалот Бостание“ – чија овогодинешна тема е „Вкоренување“ – и е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia, кој се имплементира од Хартефакт Фонд Heartefact North Macedonia

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија