Насловна / Совети / Минимализам, бела боја и одбрани детали

Минимализам, бела боја и одбрани детали

bela-boja.jpgНа катот од семејната куќа сакам да организирам стан за моето
тричлено семејство. Како да го уредам просторот?

Коста Ковачевски од Скопје

Ви предлагам ентериер со
флуиден простор. Од антрето
лево се влегува во просторот
за дневен престој, а десно се
детската и спалната соба.
Дневната соба, трпезаријата и
кујната се сместени во еден
заеднички простор.
Геометриската едноставност и
минимализмот создаваат впечаток
на функционална естетика
својствена на новата современа
генерација инвеститори. Мини
пултот ја одделува кујната од
трпезаријата. Таа е пространа и
во неа може да се смести голема
трпезариска маса. Околу неа
поставете ергономски обликувани
столови. Дневната соба опремете
ја со удобна седечка гарнитура
(два троседа и седалка), клубски
масички и комода. Белата боја
која е во тренд оваа сезона
дополнете ја со матирани
варијанти на црна и сина боја.
Гардеробните плакари се
вградени и изработени по мерка.
Само нишата во холот нека биде
идеално место за голем отворен
гардеробен простор. Двете
спални соби уредете ги
конвенционално. Во родителската,
покрај големиот вграден
гардеробен плакар, сместете
брачен кревет и ноќни
ормарчиња. Стикери со
разиграни бои и весели мотиви
може да послужат како
оригинална декорација за
ѕидовите на детската соба.
Едноставно се лепат на ѕид и се
симнуваат, па така може лесно да
се сменат. Ентериерот треба да
плени со модерни парчиња
мебел, добар распоред на
просториите, и секако со одбрани
детали кои ќе бидат одраз на
вашиот карактер.

 

Билјана САВИЌ, дипл.инж.арх.

bibisavic@yahoo.com

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top