Насловна / Совети / Мини дом од 13 м2

Мини дом од 13 м2

mini-dom.jpgСакаме да уредиме една соба од 13 м2 во приземјето на
нашата стара семејна куќа, за мајка ми која има 75 години и
живее сама. Таа треба да содржи дел за спиење, за јадење,
комода за телевизор, дел за подготвување јадења (шпорет), кaкo и
простор за сместување садови и облека. Што ни предлагате Вие?

Венцо Стојановски од Скопје

Кога треба да
проектирам
мали
простории, ми
се наметнува
мислата дали
понекогаш ја губиме
мерката и
забораваме на
предизвикот, на
домувањето да му
пристапиме од пореална
перспектива. Во
претераното изобилие кое го
креираме околу себе, ретко
уживаме во суштината и
деталите.
Малите простори бараат вграден
мебел кој го растоварува
просторот, а служи за повеќе намени.
Така, покрај ѕидовите може да се
направат клупи кои со перничиња ќе
служат за седење, како ниски комоди и
како ормарчиња во кои ќе се чуваат
работите. Пред нив се поставува
трпезариска маса, со што ќе се заштеди на
просторот и ќе се избегне поставување на
столчиња околу масата. Масата треба да
биде расклоплива и по потреба да се
извлекува. Во тој случај се сместува како
плотна меѓу подпрозорската површина и
елементот со фиоки. На клупите со
широчина
од 40 см.
одозгора, како на
комода може да се
постави телевизор.
Креветот во долниот дел има
фиока за постелнина.
Со хоризонтална опшивна штица во
боја на столаријата, на височина од околу 70
см. на белите ѕидови, просторот ќе делува
пошироко.

 

Билјана СТЕВКОВСКА САВИЌ, дипл.инж.арх.

bibisavic@yahoo.com

Испрати коментар

Scroll To Top