Петтото издание на конференцијата Energy Week Western Balkans, ќе биде одржано на 7ми и 8ми октомври 2026 година во Црна Гора, каде ќе се сретнат донесувачите на одлуки, инвеститорите и водечките компании кои учествуваат во развојот на енергетскиот сектор на Западен Балкан.

Во текот на претходните години, овој настан се профилирал како едно од најзначајните места за регионални средби посветени на обновливите ивори на енергија и инвестициите. На конференцијата ќе учествуваат претставници од сите шест економии на Западен Балкан и Хрватска. Програмата ќе биде насочена на теми кои ја обликуваат наредната фаза од енергетската транзиција во регионот. Во фокусот ќе биде развојот на големи соларни и ветерни електрани, батериски системи за складирање на енергија, проширување на електроенергетската мрежа, дигитализација, прекуграничното поврзување, флексибилноста на мрежата, развојот на пазарите на електрична енергија, корпоративните договори за купување на електрична енергија (PPA), како и модели за финансирање и реализација на проекти.
Посебен сегмент на насатанот се однапред организираните B2B состаноци, кои на учесниците им пружаат можности за нови деловни контакти. Повеќе информации за конференцијата се достапни на овој ЛИНК.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија