Насловна / Вести / Семинар на тема: „Примена на напредени методи во инженерство за брани – од дигитален близнак до машинско учење“

Семинар на тема: „Примена на напредени методи во инженерство за брани – од дигитален близнак до машинско учење“

На 16.9.2026 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери во Скопје, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи семинар на тема „Примена на напредени методи во инженерство за брани – од дигитален близнак до машинско учење“ во заедничка организација на Здружението Македонски комитет за големи брани Скопје (ЗМКГБ) и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Во рамки на семинарот, следните повикани предавачи (наведени според предвидениот редослед на предавањата) ќе ги изложат своите предавање на наведените теми:

  1. „Примена на дигитален близнак за проверка на стабилноста на надвишувањето на комбинирани јаловишни брани во тек на користење на хидројаловиштето“ Проф. д-р Љупчо Петковски, УКИМ, Градежен факултет Скопје
  2. „Креирање на дигитален близнак за анализа на конструкциската стабилност на бетонските брани – појава, еволуција и примена“

Проф. д-р Стевчо Митовски, УКИМ, Градежен факултет Скопје

  1. „Техничко набљудување на браните во Електрани на Македонија и анализа на податоците“

М-р Славко Милевски, АД ЕСМ

  1. „Вештачки невронски мрежи – концептуални поставки и примена во градежништвото“

Проф. д-р Маријана Лазаревска, УКИМ, Градежен факулте Скопје

  1. „Примена на техники на машинско учење за предвидување на дотекувањата и оптмално управување со акумулации“

Проф. д-р Тина Дашиќ, Универзитет во Белград, Градежен факултет

  1. „Од токени до одлуки: разбирање и примена на големи јазични модели во инженерството за брани“

Проф. д-р Фернандо Салазар Гонзалес, Меѓународен центар за нумерички методи во инженерството CIMNE, Политехнички универзитет во Каталонија БарселонаТех

  1. „Машинско учење во оскултација на брани и проценка на безбедноста: предвидување на порен притисок, реконструкција на податоци од мониторинг и анализа“

Вонр. проф. д-р Милица Марковиќ, Универзитет во Ниш, Градежено- архитектонски факултет

  1. „Машинско учење во инженерството за брани – аспекти на можности и ограничувања истражени преку студии на случај“

Асист. м-р Фросина Пановска Георгиевска, УКИМ, Градежен факултет Скопје

Агендата на семинарот:

09:00h – 10:00h  Регистрација на учесници на семинарот

10:00h – 10:30h   Отварање на семинарот и поздравен говор

10:30h – 12:45h    Прва сесија со повикани предавања

12:45h – 13:00h    Кафе пауза

13:00h – 15:15h     Втора сесија со повикани предавања

15:15h – 16:00h     Коктел

Семинарот претставува извонредна и уникатна можност за инженерската заедница подлабоко и подетално да се запозне со напредните методи кои се применуваат во инженерството за брани и во управувањето со водостопанските системи, кои бележат своевидна еволуција од класичните методи преку примена на методот на конечни елементи за креирање на „дигитален близнак“ и од најнов датум веќе широко применуваната „вештачка интелегенција“ т.е. алгоритми кои се базираат на машинско учење. Фокусот на предавањата ќе следи една развојна линија на примена на напредни методи во инженерство за брани и управување со водостопански систем, каде веќе востановениот метод на конечни елементи и креирањето на пресметковен модел т.е. „дигитален близнак“ за анализа на конструкциската стабилност на браните и нумеричките модели, исто така како дигитален близнак, кои го третираат управувањето со водостопанските системи, се надополнуваат со напредни методи базирани на алгоритми од вештачка интелегенција (машинско учење), кои овозможуваат креирање на прогнозни модели и мониторинг на долготрајното однесување на браните и унапредено управување со водостопанските системи. Воедно, планираниот семинар е во директна корелација со континуираните настојувања на ЗМКГБ и КОАОИ за перманентно стручно усовршување на инженерската заедница и следење на новитетите во областа, што всушност е и основата на концептот на доживотно учење (Lifelong Learning).

Испрати коментар

Scroll To Top