Индија направи историски чекор во одржливиот транспорт со лансирањето на својот прв домашно изработен воз на водороден погон, „NaMo Green Rail“.
Индија воведе нова технологија во редовниот железнички сообраќај, како дел од програмата на земјата за развој на еколошки чисти и безбедни превозни средства што користат алтернативни извори на погонска енергија.
Првиот патнички воз на водороден погон тргна на 19. јули од станицата Џинд, во индиската сојузна држава Харијана. На церемонијата, која беше емитувана на индиската телевизија, присуствуваше премиерот Нарендра Моди.

Композицијата редовно ќе сообраќа на линијата Џинд-Сонипат, која е долга 89 километри. Патувањето ќе трае два часа, вклучувајќи запирања на 12 попатни станици, додека максималната предвидена брзина на возот е 75 километри на час.
Возот има десет вагони. Композицијата ја соќинуваат две погонски единици DPC, од кои секоја има енергетска постројка со моќност од 1.200 киловати, и осум патнички вагони.

Новиот возо е целосно проектиран и произведен од индиската компанија Integral Coach Factory, користејќи исклучиво домашни технологии. За разлика од традиционалните електрични локомотиви, погонските единици на водородно гориво не бараат поврзување со надворешни извори на електрична енергија.
Индиското Министерство за железници објави дека во Џинд е изграден посебен комплекс за складирање на водород и полнење на возот со гориво.
Организацијата за безбедност на нафта и експлозиви на индиската влада, PESO, ја издаде потребната дозвола за складирање на компримиран водород во објектот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија