Прилеп - Прилеп денеска ја доби првата катна гаража. На вкупно 10.000 метри квадратни гаражен простор се нуди можност за гаражирање на 400 возила. Во приземјето комплексот располага и со 300 квадрати деловен простор. Инвестицијата од 4,2 милиони евра е на струмичката компанија ДМ ОИЛ, која земјиштето го доби на тендер распишан од Министерството за транспорт и врски.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionРасте примената на енергијата од обновливи извори во Европа
Брисел - На енергијата од обновливи извори во 2008 година отпаѓаа 10,3 проценти од вкупната потрошена енергија во рамките на Евероската унија, со што продолжува трендот на раст на нејзината примена, соопшти Агенцијата за сттистика на ЕУ - Евростат.
Почна пробното полнење на браната Кнежево од хидросистемот „Злетовица“
Кочани - Градежна механизација на „Бетон“ од Скопје денеска ги почна работите за полнење на браната Кнежево од Хидросистемот „Злетовица“. Од изутрината се врши постепено бетонирање на првиот чеп од браната, по спуштањето на затворачите од браната Кнежево.
Приоритет за изградба на четири патни правци во општина Струмица
Струмица – Советот на општина Струмица донесе одлука за утврдување на четири приоритетни локални патни правци кои ќе бидат изградени или реконструирани со средства од фондовите на Европската банка за обнова и развој.
За две седмици ќе започне санацијата на свлечиштето меѓу Ресен и Битола
Охрид - За десет до 15 дена ќе започне санацијата на свлечиштето, односно реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Битола, најави во Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Заврши Летната школа за архитектура 2010 година во Крива Паланка
Во Центарот за култура e отворена изложба на 12 архитектонски дела, создадени во рамки на 19-тата сесија на меѓународната „Летна школа за архитектура 2010 година“, што се одржа од 3 до 11 јули во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.
Реконструкција на железничката пруга од Коридорот 10 со средства од ЕБОР
Скопје - Македонија со заем од Европската банка за обнова и развој ќе ја реконструира железничката пруга од Табановце до Гевгелија, која е дел од Коридорот 10. Заемот во износ од 17,6 милиони евра го одобри Бoрдот на директори на Банката на 6-ти овој месец.
Почина архитект Крум Томовски
Скопје - На 86 години вчера во Скопје почина академик Крум Томовски.
Роден е на 21 декември 1924 година во Скопје. Гимназија завршил во Скопје, а дипломирал во 1952 година на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. Веднаш по дипломирањето e избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 година е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, во 1965 за вонреден професор, а во 1971 година за редовен професор на Архитектонскиот факултет.
Извештајот за аферата „Климагејт“ главно ги оправдува научниците
Лондон - Електронската пошта, која е украдена од еден од водечките светски центри за истражување на климатските промени, не содржи докази кои би ги поткопале тврдењата на научниците дека во тек е глобално затоплување, предизвикано од човечкиот фактор, се наведува во еден независен британски извештај.
Браната на „Злетовица“ ќе се полни со вода
Кочани - Почнуваат обврските на хидроенергетскиот систем „Злетовица“ за враќање на кредитот кој Јапонската банка пред шест години го одобри во висина од 80 милиони долари за изградба на овој капитален хидроенергетски систем во Источна Македонија. Првата рата од кредитот е во октомври.
Летна школа за архитектура во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“
Крива Паланка - Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка се одржува меѓународната „Летна школа за архитектура 2010 година“.
Темата на Летната школа“ е „Архитектурата е за сите луѓе“, а во неа учествуваат ментори и студенти од Македонија, Турција и Италија.
Европа да ја сфати важнноста на регионалните патни коридори
Загреб - На состанок на министри за сообраќај на неколку земји во регионот во Загреб, на кој не присуствуваа единствено претставници од Србија и на Црна Гора, потпишана е декларација со која институциите на ЕУ се повикуваат да ја сфатат важноста на коридорите Пет, Осум и Десет, во смисла за поврзаност на регионот со земјите на ЕУ.
Студија за регулирање на реката Брегалница и изградба на мини акумулации и брани
Штип - Центарот за развој на источно планскиот регион и Општина Штип денеска презентираа студија за можностите за регулација на река Брегалница и за изградба на мини акумулации, каскади и брани.
Отстранување на загадувањето со линданот во ОХИС
Скопје - Отстранување на загадувањето и санација на старата депонија со линдан што се наоѓа во кругот на фабриката Охис е целта на студијата изработена од италијанската компанија Д`Аполонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Се подготвува проектна документација за урбанизација на Пониква
Кочани - Со финансиски средства во висина од еден милион и 225 илјади денари што ги обезбеди УНДП ќе биде подготвена целокупната проектна документација за Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија