Наградата за студенти NAFEMS за Централна и Источна Европа ги препознава исклучителните достигнувања во областа на инженерската симулација меѓу студентите по инженерство низ регионот на Централно-Источна Европа.
Отворен е повикот за наградата NAFEMS Central-Eastern Europe Student Award 2025-2026, награда за студенти кои во своите дипломски или магистерски трудови применуваат инженерски симулации и нумерички методи, како што се методот на конечни елементи (FEA), пресметковна динамика на флуиди (CFD), електромагнетни симулации и други сродни инженерски анализи.
Рок за поднесување на трудовите: 30 септември 2026 година.
Награда
Победникот ќе добие 500 евра и покана за регионалната конференција NAFEMS Central Eastern Europe Regional Conference во 2028 година, со покриени трошоци за регистрација, патување и сместување.
Повеќе за нградата можете да видите тука.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија