Насловна / Арт и дизајн / Млади стрип-таленти ја претставуваа Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“

Млади стрип-таленти ја претставуваа Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“

Под покровителство на групацијата „СТРИП ЦЕНТАР-СТРИПОТ МОЖЕ“ од Велес, каде што претседател е Томе Трајков, младите македонски автори Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски твореа рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност.

Од 9 до 13 јули, Јошаничка Бања беше епицентарот на регионалната стрип-сцена, каде што традиционалната 14-та Меѓународна стрип-колонија во Рашка прерасна во нов, проширен формат како дел од првиот Фестивал на стрип „Инкубатор“.Оваа престижна уметничка манифестација, која со години ги поврзуваше младите таленти и искусните автори од разни земји, понуди богата петдневна програма исполнета со работилници, изложби, стручни предавања и промоции на нови изданија. Како што нагласи Трајков, македонската стрип-сцена и оваа година продолжи со своето традиционално учество кое датира уште од 2015 година.

Нашата земја ја претставуваше исклучително млада и перспективна екипа од Скопје – студентката Петрушевска и средношколците Јовчевска и Јовановски – кои добија единствена можност да работат во инспиративна средина, да разменуваат искуства и да творат заедно со младите екипи што пристигнаа од Рашка, Белград, Зајечар и Врање, како и да учат од докажани мајстори.Главниот фокус на настанот беше ставен на едукацијата на помладите генерации, каде што како главни ментори и предавачи се ангажираа реномираните уметници Влада Весовиќ, Драган Стокиќ-Рајачки, Лилјана Стризе и Бобан Станковиќ Гето.

Покрај интензивната работа на практичните работилници, програмата опфати и отворени изложби на стрип-табли, јавни презентации и дискусии за развојот на деветтата уметност на Балканот

На крај , Трајков нагласува дека воспоставените контакти со  меѓународната   стрип-сцена веднаш се насочи кон идните планови, па оваа креативна дружба ќе продолжи веќе кон крајот на идниот месец август, кога дел од овие автори ќе земат  учество на традиционалниот Меѓународен стрип-салон и Меѓународната стрип-колонија во Велес .

Испрати коментар

Scroll To Top