Насловна / Вести / Црна Гора усвои Стратегија за управување со квалитетот на воздухот до 2029 година

Црна Гора усвои Стратегија за управување со квалитетот на воздухот до 2029 година

Црна Гора ја усвои Стретегијата за управување со квалитетот на воздухот за периодот 2026 – 2029 година со Акциски план, која како што истакнуваат од Владата на Црна Гора, поставува јасна рамка за намалување на загадувањето, унапредување на квалитетот на воздухот и исполнување на обврските во процесот на пристапување на Европската Унија.

Министерот за екологија, одржлив развој и развој на северот, рекол дека Патоказот за унапредување на квалитетот на воздухот, ја определува посветеноста на државата да го третира квалитетот на воздухот како прашање на јавното здравје, одржливиот развој и европските интеграции. Тој истакнал дека приоритет на Стратегијата е заштитата на здравјето на граѓаните, посебно децата, постарите лица, бремените жени и хроничните заболени, преку намалување на концентрацијата на суспендирани честички и други загадувачки материии, унапредување на системот за мониторинг на квалитетот на воздухот и намалување на националните емисии.

Мерките предвидени со Стратегијата опфаќаат еколошка реконструкција на термоелектраната „Плевља“, развој на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност, развој на систем за далечинско греење во Плевља, зајакнување на одржливата мобилност како и намалување на емисиите од земјоделство.

Испрати коментар

Scroll To Top