Вредноста на становите во неколку европски земји по втор пат може да паднат по максимумот што го имаа пред три години, затоа што тие беа преценети, ја цитира Bloomberg агенцијата Standard Poor’s. Во извештајот на агенцијата се вели дека цените ...
повеќе »Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionПешевски: Коридорот 10 треба да биде завршен крајот на 2013-та година
Скопје - Изградбата на Коридорот 10 е од витално значење за економијата на Македонија и на Србија, рекоа по денешната средба во Скопје српскиот министер за економија и регионален развој, Млаѓан Динкиќ и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Разликите меѓу сиромашните и богатите земји го попречуваат напредокот на преговорите за климатските промени
Бон - Претставници на 185 држави учествуваат на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, која почна денеска во германскиот град Бон, а која ќе трае до 11 јуни.
Ова е најголемата меѓународна средба за климатски промени по Конференцијата во Копенхаген, која се одржа во декември 2009 година и на која делегатите не успеаја да постигнат спогодба за преземање силни мерки за борба против климатските промени.
Формиран бизнис лидерски форум на Македонија
Со потпишување на Меморандумот за разбирање со кој доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот, Адинг АД Скопје, Гемак Трејд, ИНнет, КПМГ Македонија ДОО Скопје, Македонски телеком АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје го основаа Бизнис лидерскиот форум на Македонија.
повеќе »АДИНГ АД лидер за одговорен однос кон вработените
АДИНГ АД ја доби првата награда за општествена одговорност за претпријатијата во категоријата одговорен однос кон вработените за 2009 година на изборот организиран од Центарот за институционален развој (ЦИРА).
Поголеми вложувања во екологијата планираат 70 отсто од компаниите во светот
Вашингтон, - Седумдесет отсто од светските претпријатија со приходи над една милијарда долари планираат во наредните две години да ги зголемат вложувањата во борбата против климатските промени, покажа денеска најновото глобално истражување.
„Порта 3″ на БИМАС

Пет години дружење со читателите
Медиумскиот поддржувач на Биеналето на македонската архитектура Порта3 беше неизоставен дел од празникот на македонските архитекти.
повеќе »Се гради зграда која ќе биде втора по височина во светот
Во Mecca, Саудиска Арабија, ќе се гради зграда која ќе биде втора највисока зграда во светот. Таа ќе биде наменета за хотел, и ќе биде дел од новиот комплекс хотели наречен Abraj al-Bayt Towers што е проект на владата на ...
повеќе »Скулптурите на Гоце Делчев и Даме Груев поставени пред Камениот мост
Ретко кога плоштадот "Македонија" бил толку посетен од несл у -
чај ни минувачи кога немало концерт или некоја друга јавна
мани фес тација, како во изминативе две недели, откако
пристигнаа спо мениците на Гоце Делчев и на Даме Груев качени
на коњи. Доа ѓаат гости дури и од други градови за да ги видат, да ги
фо тогра фираат и да им се воодушевуваат.
повеќе »
Подготовка за електрана на ветер
Министерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање, за давање под долготраен закуп на 40 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Гевгелија, наменето за изградба на ветерни електрани. Предмет на јавно наддавање се 19 градежни парцели со вкупна површина од 22.800 квадратни метри. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.
повеќе »
Реурбанизација на индустриските зони во градовите на транзицијата
Проектот со кој македонските студенти се
претставија на конгресот АСК 2010 во
Љубљана, беше реурбанизација на
индустриската зона во која се лоцирани
„Топлификациjа“ АД Скопје, ФАС „11
Октомври“, „Комуна“ АД Скопје и уште
неколку индустриски капацитети веќе на -
пуштени и заборавени и од системот и од
општеството. Препознавајќи го ква -
литетот на локацијата, тие презен тираа
нов концепт кој во целост ќе го искористи
капацитетот што овој простор го нуди
Државата конечно се загрижи за опасностите од батериите
Како да се справиме со отпадот од батерии и акумулатори, беше тема на трибината што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, а на која учествуваа претставници од компании и од невладини организации.
- Со овој закон отпадните батерии и акумулатори ќе станат вреден ресурс кој понатаму ќе може да се користи за обезбедување други неопходни ресурси.
повеќе »Кула со балкони кои танцуваат
Чикашкиот солитер „Аqua“ е избран за
најубав облакодер во 2009 година во
анкетата на германската банка за
податоци за недвижности „Емпорис“.
Експертите на „Емпорис“ им доделија
награда на архитектите на облакодерот за
достигнување во дизајнот и смелоста на
архитектонското решение, објавија агенциите.
Охрид е изложен на градежна агресија
Охрид - Најавата за проширување на рекреативната патека во заштитената зона на Студенчишкото блато и поставување на урбана опрема, како и пренамената на просторот на плажата Горица, каде на местото на хотелот Парк ќе никне апартмански комплекс неколку пати поголем од сегашниот објект, ќе имаат несогледливи последици не само врз животната средина туку и врз севкупниот развој на градот, предупредуваат од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Гранит АД Скопје – нов договор вреден 465 милиони денари
Скопје – ГД Гранит АД Скопје и Министерство за правда на РМ. потпиша договор за изградба на нова судска зграда -Кривичен суд во Скопје. Вредноста на договорот изнесува 465.190.282,00 денари со вклучен ДДВ и рок на изведување од 18 месеци. ...
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија