Насловна / Порта3 / Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 1

Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 1

britanija.jpgПојавата на модерните
идеи и концепции во
архитектурата на В.
Британија, веќе се за-
бележани во втората
половина на XIX век преку делата
на Ф. Веб, Ч. Војси и Ч. Мекинтош,
меѓутоа вистинското свртување
кон функционализмот настанува
во 30-тите години на XX век. Кон тоа
придонесува краткотрајниот престој
на значајните германски архитекти,
кои емигрираат пред нацистичката
репресија и воспоставуваат сора-
ботка со млади таленти од В.
Британија.

В. Гропиус соработува
со Максвел Фрај, М. Броер со
Френсис Јорк, а Е. Менделсон со
рускиот емигрант Сергеј Чермаев.
Нивните напори ги поддржува уште
еден друг руски емигрант, Бертолд
Лубеткин, кој во Лондон доаѓа од
Париз во 1931 година. На таков начин
архитектонските концепции што се
создадени во школата Баухаус се
пренесени и во В. Британија. Оувен Вилијамс (1890-1969) со своите дела спаѓа меѓу првите најзначајни
творци на модерната архитектура
во В. Британија. Неговите објекти
се истакнуваат со простудирани
армиранобетонски конструкции,
од што произлегува и нивниот
надворешен изглед. Најзначајни меѓу
нив се: фабриката Бутс во Бистон
кај Нотингем (1927-33) со печуркасти
столбови кои ги носат меѓукатните
конструкции и пливачкиот базен
во Вембли кај Лондон (1934), кој по
завршувањето претставува најголем
затворен базен на светот.

 

britanija2.jpgО. Вилијамс во соработка со Х. Елис
и В.Л. Клерк, го подига деловниот
објект Дејли експрес во Лондон (1930-
32), кој со стаклено-челичната ѕид-
завеса го претскажува доаѓањето на
архитектурата со висок технолошки
сјај. А . Конел (1901-80), Б. Ворд
(1902-76) и М. Фрај (1899-1987) во 30-
тите години ја реактивираат идејата
на Ф. Веб и Ч. Војси за изградба
на објекти со удобни и модерно
обликувани станови. Куќите се
градени главно од армиран бетон
и имаат неправилни основи, рамни
покриви и големи прозорци. Такви
се: Ешмол хаус во Амерсам кај
Бекингемшир (1930) на Конел со
трикрачна основа и централен влезен
хол, како и Триаголната куќа во
Грејсвуд (1933) на Конел и Ворд, која
спаѓа во најоригиналните станбени
објекти во Европа.
Фредерик Џиберд (1908-84) го
продолжува развојот на станбената
архитектура, особено на
колективното домување, градејќи во
едно лондонско предградие еден
станбен кварт со модерни блокови,
обликувани со геометриски форми,
рамни покриви и широки прозорски
отвори. На сличен начин, подоцна, со
богато партерно уредување Џиберд
го планира и Градскиот центар на
новиот град Харлоу (1947).

 

Групата Тектон (1932-48),
што ја основа рускиот емигрант
Бертолд Лубеткин (1901-90), главно
се занимава со проектирање на
станбени објекти, во чие решение е
употребен рационален пристап во
обликувањето и во задоволувањето на
функционалните потреби.

 

Станбената зграда Хајпоинт Но
1 во Лондон (1935) претставува
карактеристичен пример со
крстовидна основа и чисти рамни
геометриски фасадни површини.
Сепак, оваа група станува позната со
следните остварувања: Здравствениот
центар Финсбери во Лондон (1938),
кој има симетрично павилјонско
решение на приземје и кат, при што во
средината се сместени заедничките
простории, додека во приземјето на
крилата се наоѓаат поликлиниките.
Објектите на зоолошката градина во
Лондон се најпознати по павилјонот
за горила (1933) и базенот за пингвини
(1938). Елементите на базенот се
обликувани со пластичните форми
на армиранобетонските рампи, кои
до максимум се приспособени за
потребите на пингвините.

 

Рејли со Кребтри и соработниците, ја
градат стоковната куќа Питер Џонс во
Лондон (1938) со столбови повлечени
зад стаклениот фасаден ѕид, кој меко
се извиткува околу аголот на улиците.
Целата композиција завршува со
терасест рамен кров.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top