Насловна / Порта3 / Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 6

Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 6

britanija10.jpgНорман Фостер (1935-), по дипломирањето во Манчестер, магистрира на универзитетот Јејл во САД,
каде што го прима влијанието на Сергеј Чер маев и
Луис Кан. Во 1963 година, заедно со Ричард Роџерс во
Лондон ја формира фирмата Тим 4, а потоа соработува на
многубројни про екти со Бакминстер Фулер. Од 1975
година тој постојано го зголемува бројот на сора ботниците
во својата фирма, така што во средината на 90-тите години
има над 250 соработници разместени во не колку ателјеа
низ Европа и Азија.

 

Веќе во првото заедничко остварување, Грик Ван хаус
кај Корнвол, Велика Британија (1964-65), Фостер и Ричард
Роџерс го покажуваат концептот за т.н. одржлива
архитектура, која троши минимум енергија. И покрај нејзиното
терасесто вкопување во наклонетиот терен, со помош
на наклонетата зенитална стаклена лента се добива
неопходното индиректно осветлување.

 

Набрзо по формирањето (1967), фирмата Фостер го
подига своето значајно остварување седиштето на ИБМ во
Кошам, Хем пшир (1970-71). Овој објект за пот ребите на
750-1000 вработени е подигнат за 18 месеци на најекономич
ен можен начин, под паролата „постојан објект по цена
за привремени канце –
ларии”. Таквата лесна
м о н т а ж н о –
демонтажна структура
со стаклена обвивка,
која нема потреба да се
одр жува, станува
карак терис тична и за
идните објекти на
Фостер.

 

Н. Фостер, исто како
и Р. Роџерс, го продол –
жува истражувањето
на утописката
архитек тура на групата
Архи грам, а пред сè на
т.н. недетерминирана архитектура на Седрик Прајс, чии
поставки се очигледно присутни во неговите први дела.
Така на пример, кај седиштето на осигурителната компанија
Вилис Фабер & Думас во Ипсвич (1973-75), Фостер
развива една апстрактна естетика и се навраќа на
изворните значења на модерната.

 

britanija11.jpgЦентарот за визуелни уметности Сенз бери и крилото
Кресент на Универзитетот во Норвич (1976-77, 1989-91) го
развиваат концептот на архитектурата од челик и стакло,
што се развиваше во Англија уште во XIX век. Кон модерниот
облик, Фостер до да ва нови технолошки пронајдоци за
заш теда на енергијата, како што се алуминиумските
сендвичи наполнети со пена и високорефлектирачката
надвореш на површина.

 

Седиштето на банкарската корпорација Хонг Конг и
Шангај во Хонг Конг (1979-86) се смета за главно дело на
Фостер, кое претставува најдобар пример на неговите
проектантски цели, а тоа се: обиколен скелет, функционална
средина и префа брикација за да се обезбеди
максимален степен на флексибилност, што е особено
важно кај банкарските институции.

 

Домот на културата наречен Каре д‘арт во Ним, Франција
(1985-93), се наоѓа на многу значајно историско место,
наспроти рим скиот Мезон Каре. Логично на тоа, Фостер на
свој начин го употребува Мисовиот технолошки неокласицизам
за да воспостави дијалог со стариот вреден об јект.
Олим писката кула Калсерола кај Бар селона (1988-92),
претставува споменик на модерната технологија, што се
издига 135 м над ридот висок 440 м. Кулата е поставена
врз јадрото со пречник од само 4,5 м и статички е стабилизирана
со помош на челични сајли, кои тргнуваат од 3
точки на најниското ниво на кулата и се анкерирани во
теренот.

 

Кулата на столетието Бункјоку во Токио (1989-91)
претставува варијација на објектот за седиштето на
банкарската корпорација Хонг Конг и Шангај, со тоа што
расчленетите волумени имаат построга геометриска определеност.
На таков начин, овој објект наликува на збир од
повеќе кули со различни височини. На сличен препоз –
натлив начин, Фостер ја обликува и кулата за седиш тето на
Комерцијалната банка во Франкфурт (1991-97), каде што
посебно внимание привлекуваат хоризонтално вовле –
чените зелени појаси со височина од три нивоа, кои
придонесуваат за создавање на попријатна микроклима во
објектот.

Испрати коментар

Scroll To Top