Насловна / Урбанизам / Нов урбан развој на Њујорк

Нов урбан развој на Њујорк

newyork.jpgПоранешниот републиканец, а сегашен
независен кандидат за градоначалник,
милијардерот Мајкл Блумберг, неодамна
го доби третиот мандат за градски татко на
Њујорк. Жителите на градот со најголема
популација во САД , повторно го избраа за
прв човек, пред се поради неговата упорност и
способност да ги оствари своите визии, дури
и во времето на енормната економска криза,
која ги стави пред колапс урбанистичките
планови во градовите во речиси сите земји во
светот.

Во историјата на урбаниот развој на
градот неговото име ќе остане запаметено,
пред се, поради новото зонирање на градските
блокови, што донесе промени на пазарот
на недвижности и огромен прилив пари во
градската каса.

 

Контроверзен, енергичен, динамичен
и шармантен, се зборовите
кои најдобро го опишуваат
првиот човек на Њујорк, Мајкл
Блумберг (Michael R. Bloomberg).
Познат по своите залагања за контрола
на личното вооружување, за легализација
на браковите на хомосексуалците, за
намалување на глобалното затоплување, овој електроинжинер со диплома од “Џон
Хопкинс”, во период од два мандата
успеа да ги реализира своите визии
за развојот на градот и да ја наполни
градската каса, но нè и да ја намали
градската сиромаштија.

 

newyork2.jpgОвој полски Евреин од предградието
на Бостон важи и за човек кој го
остварил американскиот сон.
The Times го опиша како еден
од стоте највлијателни луѓе на
денешницата, а магазинот “Forbes”
во 2009 г. неговото богатство во кое
спаѓаат информативната агенција,
телевизијата и радиото Bloomberg,
го рангираше на 44 место во САД, и
142 место во светот. Иако во јавноста
е познат и почитуван како визионер
кој прави долгорочни планови за
развојот на градот, на изборите
го победи својот противкандидат,
демократот Бил Томпсон, со незна-
чителна разлика од 3%, што ги изне-
нади и неговите противници.

 

Во историјата на урбаниот развој
на градот неговото име ќе остане
запаметено, пред сè, поради новото
зонирање на градските блокови,
што донесе промени на пазарот на
недвижности и огромен прилив пари
во градската каса.

 

Првите чекори за атракција
на инвеститорите

Во време на неговиот прв мандат
економијата на САД беше во подем.
Тогаш под раководство на Блумберг
во Њујорк се пренамени земјиштето,
се направи прераспределба на
градските зони и урбаните функции ги
привлекоа инвеститорите, се отвораа
нови работни места и сето тоа
заедно му носеше на градот голема
економска корист.

 

Идејата на градската администрација
се базираше на едноставен концепт:
Њујорк мора да расте за да може да
се такмичи со другите градови. Развојот
и изградбата беа единствена цел. Да
се создадат можности за поволно
градење на градителите и целиот
град ќе има корист од тоа, сметаше
Блумберг. Компаниите ќе побрзаат да
се вселат во реновираните подрачја,
збогатувајќи ја понудата на градското
стопанство.

 

Прва препрека за преуредување
на градот беше недостатокот на слободни парцели за проекти од
поголеми размери. Новото зонирање
беше идеално решение. Блумберг
се заложи за развој на големите
неразвиени подрачја надвор од
Менхетн, како што се крајбрежните
појаси во Бруклин. Неговите планови
создадоа нови работни места и ги
ревитализираа мртвите зони, како што
е случајот со Јамајка, која е еден дел
од Квинс.

 

Со ова најекстензивно ново зонирање
во модерната историја на Њујорк
делови на сите квартови се преуредија
за да се поттикне нивниот развој.
Поранешните индустриски парцели
се пренаменети за становање или
деловни кули, додека целиот град се
соочуваше со фактот дека повеќе
не е центар за производство и дека
градското стопанство треба да се
потпре на други гранки освен на
индустријата. Во исто време, градот
го намали индексот на изграденост
на локациите во многу подрачја кои
имаа проблеми со нелегални градби.

 

Визионер и планер

И додека панорамата на градот
се чини дека не е изменета иако
новото зонирање зафати околу 8400
градски блокови, последиците на
забревтаниот развој денес можат
да се видат во старите индустриски
подрачја каде сега се наоѓаат нови
станбени објекти, или во деловите
како што се: Флашинг, Квинс и
Бронкс, каде што се градат нови
стадиони за бејзбол. Во подрачјата
како што е централниот Бруклин, кој
според плановите е предвиден за
изградба на нови деловни облакодери
како конкуренција на Њу Џерси,
реализацијата на плановите не е
почната, а другите проекти како што
е Сити Поинт, деловно-апартманскиот
комплекс во улицата Фултон се
стопирани.

Daniel l. Doctoroff, кој беше советник
на Блумберг за економски развој,
вели дека е наивно овие проекти
да се посматраат краткорочно, и
дека развојот на градот мора да го
посматраме во контекст на државата
и на случувањата во светот.
-Многу градоначалници во САД го
фаворизираа пазарот на недвижности
и пратечката индустрија, која од друга
страна беше многу дарежлива во
компаниите пред избори. една од
нивните најчести грешки е во тоа што
тие се залагаат само за проекти на
кои ќе можат да дојдат и свечено да ја
пресечат врпцата. Блумберг гледа на
проектите долгорочно, вели тој.

 

Милион нови Станови За милион нови жители

градското собрание го усвои секој од овие
планови без главна ревизија. До сега, околу
една петина од градот помина низ проектите
на новото зонирање. Мотив за толку голем
ангажман беше претпоставката дека бројот
на жители во Њујорк ќе се зголеми за уште
милион до 2030 година.
градот вработи две консултантски фирми
по цена поголема од 1,5 милиони долари да
испитаат како урбаното ткиво на Њујорк може
да прими нови жители. Нацртите од таа работа
создадоа визија за иднината, позната како
PlAnYC (nYC- new York City), што Блумберг
ја објави на Денот на Земјата, 22.април 2007
година. Овој план вклучуваше бројни планови
за унапредување на животната средина, а
еден од нив беше и садењето на милион
стебла.
- Мора да се соочиме со фактот дека
порастот на бројот на жители треба да тече
заедно со развојот на животната средина, која
станува сè понестабилна и понесигурна вели
Блумберг, кој во својата агенда како главна
цел го постави градењето на милион нови
станови за милион нови Њујоркчани.

 


Нискокаматни Заеми и Социјални Станови

Под Блумберг, градот драстично ги зголеми
low cost финансирањето кое им помогна
на инвеститорите да го сфатат потенцијалот
во некои од градските завршни сметки.
големината на инвестициите малку или
нималку не го зафати буџетот- тие доаѓаа од
нискокаматните заеми на инвеститорите, со
враќање на пари низ newyork3.jpgхартиите од вредност.
На пример, градското претпријатие за
социјално становање housing Development Corporation
(h.D.C.) под раководство на Блумберг,
издаде 8,1 милијарда хартии од вредност за
да поттикне инвестирање, што е за трипати
повеќе отколку во време на администрацијата
на претходниот градоначалник Џулиани (rudolph
W. Giuliani) .Industrial Development Agency,
на пример, издаде преку 6,1 милијарда
долари за изградба на два нови стадиони за
познатите њујоршки бејзбол тимови Yankees и Mets. Поголемиот дел од заемите
што ги даваше градот беа наменети за
градење или оспособување на 160 000
социјални станови, како и ревитализација
на Мелроус во Бронкс.
Блумберг успеа да го реализира и некои
стари визии за градот. Во подрачјата како
што е Willets Point, кој претставува градска
четврт од околу 250 000 м2 со индустриски
бараки за производство на козметички
производи и авто отпади во близина на
стадионот Mets во Квинс, дислоцираше
225 деловни простори и земјиштето
се пренамени во градежно. Ваквите
амбиции ги опседнуваа градските
планери со децении. Така на пример,
Robert Moses, познатиот урбанист кој во
јавноста е познат по своите радикални
решенија за автопати со кои безмилосно
се рушеа куќи во предградијата, не
успеа ова да го изведе дури ни по повод
Светската изложба во 1964 година.
Во заслугите на Блумберг спаѓа и
изградба на “Down town” на Бруклин.
Со години наназад овој дел на градот
беше дефиниција за второкласен
канцелариски простор. Дури и кога
заживеа проектот Metro Tech во 80-тите и
кога овде свои претставништва отворија
големите корпорации како што се Chase
i KeySpan, овој дел на градот остана
мртов. Во 2004 година, под влијанието
на локалните деловни лидери, градот
направи ново зонирање на 22 блока, со
што се добија 400 000 м2 канцелариски
и деловен простор. Со тоа се отворија
18.500 нови работни места, од кои 8000
во градежниот сектор.

 

И непријателите
му симнуваат капа

За жал оваа идеја не се реализираше
во целост. Денес нема нови деловни
кули. Изградени се згради со луксузни
станови, кои потоа останаа непродадени
или без станари кои би ги изнајмувале,
поради економската криза и застојот во
градежништвото. Слична е состојбата
во Green point i Williamsburg, две стари
индустриски подрачја на бреговите на
Бруклин. Овде во 2005 г. се шпекулираше
дека цената на земјиштето ќе достигне
ниво на онаа на Менхетн. Тогаш никнаа
многу современи градби од стакло и
челик, кои денес се празни.
Во јули 2009 г, кога новите станови не
се продаваа и инвеститорите не се
осмелуваа да ризикуваат, Блумберг и
Градското собрание направија пилот
програма од 20 милиони долари за
купување на празни станови кои потоа
ги пренаменија во згради за социјално
домување.
-Приватните проекти кои сега стојат
празни и незавршени, можат да имаат
лошо влијание на нашиот комшилак,
но ние тоа нема да го дозволиме, рече
тогаш Блумберг за “ New York Times”.
Всушност, во јавноста е познато дека
Блумберг е поттикнувач на шпекулациите
во врска со недвижностите, кога со
различни полиси успеа да привлече
голем број инвеститори. Дури и неговите
непријатели се слагаат дека треба да му
се симне капа за интуитивниот поглед на
работите.

 

Кризата ја запре урбаната револуција

Факт е дека Блумберг влијаеше на развојот
на градот. Откако тој стана градоначалник во
Њујорк станбената изградба достигна 30 000
станови во период од 2004 до 2008 година, пред
кризата во 2009 г. Обртот на градежништвото,
според New York City Building Congress, исто
така се зголеми двојно, достигнувајќи го
својот максимум од 32 милијарди долари
2008 г.”Добро или лошо, новото зонирање
најверојатно ќе биде неговото најзначајно
наследство затоа што со овој чекор градот
доживеа комплетна трансформација” вели
Jonatan Bowles, директор на Center for an Urban
Future.
Меѓутоа, оваа револуција не стигна до сите
делови на градот, а некои од градските
планови пропаднаа. Но, за колапсот на
пазарот на недвижности секако не е виновен
Блумберг, ниту тој како поединец имаше
сила да ја запре светската криза што го
потресе светот во 2009 година.

Наталија НОВАКОВИЌ – ДОБРЕВСКА

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top