Насловна / Вести / Voltalia во Албанија започна да го гради најголемиот соларен парк на Западен Балкан

Voltalia во Албанија започна да го гради најголемиот соларен парк на Западен Балкан

Voltalia го одбележи почетокот на изведбените работи на соларната електрана „Караваста“, во близина на истоимениот залив и мочуришно подрачје во западниот дел на Албанија. Компанијата со седиште во Франција, го доби овој проект на аукција пред две години. Соларниот парк ќе се ссотои од 240.000 двострани или бифацијални панели. Таа технологија е ефикасна бидејќи овозможува дополнително производство од светлината која се рефлектира од површината на која се поставени модулите.

karavasta1

karavasta2

Оваа постројка е планирано да има 140MW инсталиран капацитет, што во овој  момент ја прави најголема соларна електрана во регионот на Западен Балкан. Ќе засема површина од 196 хектари. Според условите од тендерот, половина од електричната енергија ќе биде продавана на државниот оператор на електроенергетскиот систем, во согласност со 15 годишен договор, а остатокот ќе биде пласиран на трговци преку долгорочни договори. Voltalia соопштила дека очекува соларниот парк „Караваста“ да биде оперативен во втората половина на следната година. Voltalia е присутна во Албанија од 2018 година, со своите договори за изградба на три фотоволтаични погони со вкупно 7,5MW за клиенти по системот „клуч на рака“, Тие се лоцирани на само 10 километри од идниот соларен парк „Караваста“. Истата компанија во мај 2021 година по втор пат победи на аукција и го добива проектот „Спитала“. Планираниот капацитет на овој проект е 100MW со локација во близината на Драч. Voltalia работи во дваесет земји на три континенти, вклучувајќи и услуги во доменот на проекти од обновливи извори на енергија.  Инаку, грчкиот Hellenic Petroleum управува со најголемата соларна електрана во југоисточна Европа. Овој систем е изграден во областа Кожани и има моќност од 204,3MW исто така од бифацијални панели. Тоа е најголемата соларна електрана од таков вид во Европа.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top