Насловна / Вести / Астронаутите за шест месеци во вселената ги оштетуваат коските како за дваесет години на Земјата

Астронаутите за шест месеци во вселената ги оштетуваат коските како за дваесет години на Земјата

Академско истражување за астронаутите утврди сериозно влијание на вселенските мисии врз скелетот на човекот, па тоа предизвика загриженост во врска со планираните мисии на Марс и на Месечината. Имено, утврдено е дека подолгите вселенски мисии доведуваат до зголемен губиток на коскена маса и намалување на веројатноста за опоравување. До загуба на коскената маса доаѓа поради недостаток на гравитација во вселената, каде коските обично се без некој тежински притисок споредено со оној на Земјата. Истражувањето е спроведено врз 17 астронаути – 14 мажи и 3 жени, со просечна старост од 47 години, кои биле на Меѓународната вселенска станица (ISS) во изминатите седум години. Екипажот бил од американската вселенска агенција NASA, канадската и европската како и јапонската агенција за истражување на вселената. Тие соработувале со истражувачкиот тим под водство на професор Leigh Gabel од Универзитетот во Калгари, и тоа една година по нивното враќање на Земјата. Девет членови на екипажот доживеале трајна загуба на минералната густина на коските, откако минале помеѓу четири и седум месеци во вселенски мисии.

r-panel-canadarm17rb1

„Астронаутите имаат значителна загуба на коскена маса во текот на шестмесеччните вселенски мисии, загуба која е очекувана кај постари лица во тек на две децении на Земјата. После една година на Земјата, тие успеале да повратат само половина од таа загуба“, рекол професорот Gabel за истражувањето кое е објавено во часописот Scientific Reports.

bonemass2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top