Насловна / Вести / Нов доходовен бизнис: Фабрички обновени половни возила

Нов доходовен бизнис: Фабрички обновени половни возила

Компанијата Renault опреми посебна фабрика која се занимава исклучиво со „средување“ на половни автомобили. Интересно е дека Toyota исто така најави дека ќе започне да се фокусира во оваа област. Францускиот производител на автомобили ја стартуваше својата програма пред една и пол година во Флинс, во северна Франција. Сега Refactory, како што е името на оваа фабрика, и натаму е мал дел од постоечките производни погони во Флинс, но се очекува овој сегмент од бизнисот и натаму да расте. Фабриката може да преработи 45.000 половни автомобили годишно.

refractory2

 

Главно станува збор за автомобили стари 3 до 5 години, за кои се грижат стручњаците во четири различни одделенија. Се поправаат мали оштетувања на каросеријата, се врши замена на делови, како и други работи кои ќе се покажат потребни во текот на дефектажата. Поради трошоците, целиот овој процес на реставрација на автомобилот е исплатлив само со половни возила кои се лоцирани блиску до фабриката. Затоа Renault веќе размислува и за други локации, а на врвот на листата за отворање на вакви фабрики се Турција, Шпанија и Португалија.

refractory1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top