Насловна / Вести / Во Данска се гради најголемата офшор ветерна електрана

Во Данска се гради најголемата офшор ветерна електрана

Германската енергетска компанија RWE го избра испорачателот на опремата за новата офшор ветерна електрана која се гради во данска. Станува збор за ветерната електрана Thor со вкупна инсталирана моќност од  1 GW, а за која опремата, односно вкупно 72 ветроагрегати ќе бидат испорачани од страна на германско – шпанскиот производител Siemens Gamesa. Кога ќе биде довршена, тоа ќе биде најголемата данска ветерна електрана.

thor1

Постројката се гради во данските води на Северно море, околу 22 km од местото Thorsminde на западниот брег на полуостровот Јиланд.  СЕ состои од 72 ветроагрегати тип SG 14-236 DD. Моќноста на секој од нив изнесува речиси  15 MW, додека дијаметарот на роторот е 236 m.

 

Испрати коментар

Scroll To Top