Насловна / Арт и дизајн / Британците, сепак нема да го вратат богатството однесено од Акропол

Британците, сепак нема да го вратат богатството однесено од Акропол

Министерката за култура на Велика Британија, Мишел Донелан, ја отфрли можноста да и се вратат на Грција скулптурите од Партенон, кои се изложени во Британскиот музеј во Лондон.

На скулптурите од Партенон на атинскиот Акропол „место им е овде во Велика Британија“ и не би требало да се вратат во Грција, рече Донелан, отфрлајќи ги информациит во печатот дека британскиот музеј и Атина се во завршна фаза на договор.

ак

„Бев многу јасна во врска со оваа тема, мислам дека скулптурите не треба да се вратат во Грција. Не би требало да ги враќаме назад, тие припаѓаат на Велика Британија каде што се грижиме за нив долго време“, додаде таа.

Интересно е колку е зачувано од партенонскиот фриз. Фризот, кој оригинално бил долг 160 метри, прв пат е прикажана борба меѓу божества и луѓе, но значително е оштетен и уништен.

ак2

Во Атина се чуваат 50 метри од дел кој бил долг 115 метри. Во Британија се однесени 80 метри кои ги исекол лорд Елгин, тогашниот британски амбасадор во Отоманската империја во 1802 година.

Делови од фризот од Акропол се наоѓаат во уште осум други музеи низ Европа.

Античките уметнички дела, попознати во Велика Британија како Елгиновите мермери, денес се чуваат во Британскиот музеј во Лондон.

ак1

Претходно се појавија информации дека Џорџ Озборн, претседателот на музејот, бил блиску до договор со Грција.

Меѓутоа, министерката Донелан прецизираше дека нема намера трајно да се вратат артефактите во Грција.

Во опширното интервју таа изјави дека испраќањето на скулптурите во Грција „ќе предизвика низа проблеми“ и дека би било „опасно да се оди по тој пат“, бидејќи „ќе создаде можност да се преиспита целата содржина на нашите музеи,“ изјави.

ак3

* * * * *

Елгин, раководејќи се по совет на дипломатот Сер Вилијам Хамилтон, на свој трошок ги ангажирал услугите на неаполскиот сликар Џовани Лузиери и неколку вешти цртачи и моделари. Овие уметници биле испратени во Атина во летото 1800 година со задача да направат скици на антички споменици, иако отоманските власти им дозволиле пристап до мал број локалитети. Во средината на летото 1801 година, Елгин добил ферман од султанот, кој им овозможил на неговите луѓе, „не само да ги поправаат скелињата околу Партенон, да направат модели од украсни скулптури и фигури во гипс“, туку и да „ги однесат сите парчиња камен со старите натписи или скулптури“.

ак5

Елигин никогаш не го доставил оригиналниот документ, ферманот. Прикажал документ за кој се тврди дека е англиски превод на италијанска копија направена во тоа време. Овој документ денес се чува во Британскиот музеј.

Колекцијата Елгин, позната денес како Елгинови мермерни статуи, создадена е не само во Атина, туку благодарение на истражувања и во други делови на Грција. Се состои од фризови, метопи и статуи од Партенон и камени релјефи од атинскиот храм Ника Аптерос, како и антиквитети собрани по Атика и други области во Грција.

ак4

Дел од колекцијата на Елгин била подготвена за транспорт во Англија во 1803 година, при што секоја фаза од трансферот била придружена со големи потешкотии. Бродот на Елгин, Ментор, доживеал бродолом со сиот товар од мермерни статуи. Биле потребни три години, следени со огромни финансиски трошоци, за нуркачите да ги извлечат мермерните статуи и другите споменици.

Елгин го напуштил Отоманското царство во 1803 година и ги зел своите уметници со себе, освен Лузиери кој останал да раководи со понатамошни ископувања, кои биле во поскромни размери. Збирката на Елгин била дополнувана се до 1812 година, кога во Англија пристигнале вкупно осумдесет нови антиквитети.

Однесувањето на околу половина од фризот, метопите и скулптурите од забатот била одлука што на лице место ја донел Елгиновиот капелан Филип Хант, кој привремено бил и секретар на Елгин, т.е. претставник во Атина. Хант го убедил отоманскиот гувернер на Атина да ги толкува одредбите од ферманот многу флексибилно. Елгин ги поткупил османлиските власти да дозволат отстранување на околу половина од фризот од Партенон, петнаесет метопи и седумнаесет делови од релјефот, потоа една од каријатидите и столбовите од Ерехтеон. Овие антички артефакти првично биле користени за разубавување на вилата на Елгин во Шкотска, но подоцна тој ги продал на Британскиот музеј за да ги исплати огромните долгови.

ак6

Во Британија начинот на набавување на колекцијата некои го подржале, додека некои други, како лордот Бајрон, ги споредиле постапките на Елгин со кражба и вандализам.  По јавна дебата во Парламентот и по препорака на комитетот на Британскиот парламент, кој исто така го пофали потфатот на Елгин, „мермерот“ го откупила Велика Британија во 1816 година за 35.000 британски фунти. Тоа била сума значително пониска од проценетата цена на Елгин од 75.000 фунти. Колекцијата на Елгин е префрлена во Британскиот музеј, каде што се наоѓа и денес, изложена во наменски изградената галерија Дувин.

Во 2014 година, УНЕСКО понуди да посредува меѓу Грција и Обединетото Кралство за решавање на спорот, иако тоа подоцна беше отфрлено од Британскиот музеј со образложение дека УНЕСКО работи со државни органи, а не со управителите на музеи. Во 2021 година, УНЕСКО ја донесе својата прва одлука за мермерите од Партенон, повикувајќи го Обединетото Кралство да и ги врати на Грција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top