Насловна / Вести / Србија: На јавен повик избрани над 80 решенија за зелена трансформација на економијата и општеството

Србија: На јавен повик избрани над 80 решенија за зелена трансформација на економијата и општеството

Во склоп на иницијативата „ЕУ за Зелената агенда во Србија“, претставени се 83 иновативни решенија кои се избрани за понатамошна поддршка со цел нивна имплементација и придонес во зелената трансформација во Србија. Овие решенија пристигнале како одговор на четирите јавни повици кои со поддршка на Европската унија и Министерството за заштита ан животна средина, се распишани од страна на УНДП во соработка со Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA) и Европската  инвестициска банка (EIB).

еусрбија1

На јавниите повици стигнале вкупно 140 предлози за период од 5 месеци, кои третираат проблеми од областа на зголемување на производството од обновливи извори на енергија, намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот, обнова на шумските екосистеми и озеленување на урбаните површини и сл. На повиците учествувале јавни и приватни компании, локални самоуправи, научно истражувачки институции и организации од граѓанското општество. Стручното жири избрало 83 решенија, чија имплементација највеќе ќе продонесе за зелена трансформација. Покрај тоа, тие ќе продонесат и за поголема конкурентност на српските компании и отворање на нови зелени работни места. Комплетната листа на сите избрани проектни решенија е достапна на следниот ЛИНК. 

еусрбија2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top