Насловна / Вести / Најмногу електрични возила се произведуваат и се возат во Кина

Најмногу електрични возила се произведуваат и се возат во Кина

Во Кина, речиси со неверојатна брзина расте продажбата и производството на електрични автомобили. До крајот на оваа година, во оваа земја се очекува да бидат продадени дури 6 милиони автомобили на електричен погон. Со цел што повеќе граѓани да се одлучат за овие возила, властите планираат и во текот на 2023 година да го субвенионираат нивното купување.

evchina3

Од 2009 година, Кина обезбедила 14,8 милијарди американски долари во вид на субвенции за купување на електрични возила, а директната државна помош било планирано да престане во 2020 година. Но, тоа не само што не се случило, туку субвенционирањето продолжило до денес. Ако кон тоа се додаде и податокот дека над 450 компании во Кина произведуваат електрични возила и дека малите градски автомобили од овој вид можат да се купат за околу 5.000 американски долари, воопшто не е чудно што тие така брзо и лесно се продаваат. Нивната мисија е да станат „моќна автомобилска земја“, која ќе произведува електрични возила и ќе ги продава ширум светот. UBS Global предвидува дека три од пет возила на кинеските патишта до 2025 година ќе бидат електрични. Сето тоа совршено се вклопува во плановите на Кина да ги исполни зацртаните цели кога станува збор за намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Возењето на електрични возила во значителна мера ќе влијае и на намалување на загадувањето на воздухот во градовите.

evchina2

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) за минатата година, продажбата на електрични автомобили во Кина е речиси тројно зголемена. Изнесуба 3,3 милиони, што е околу половина од глобалната продажба.

20220215_Electric_Car_Sales

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top