Насловна / Архитектура / Шигеру Бан: Напредокот на технологијата не ја прави архитектурата подобра (ВИДЕО)

Шигеру Бан: Напредокот на технологијата не ја прави архитектурата подобра (ВИДЕО)

Еден од најзначајните настани на 12. Биенале на архитектура и урбанизам, што се одржа во Мексико Сити, секако беше гостувањето на Шигеру Бан, добитник на Прицкеровата награда. Централната тема на собирот во Мексико Сити беше „Населување на маргините“.

4_resize

Со цел да ја направи видлива работата на оние кои обезбедуваат решенија за растечките социјални, еколошки и економски потреби на маргините на системот, Бан за ArchDaily од свое искуство зборува за хуманитарни проекти по природни катастрофи, достапноста на материјалите и важноста што технологијата ја има во архитектонската професија.

Меѓутоа, Бан, исто така, изнесе и некои тврдења кои се прилично конзервативни што се однесува до технолошкиот напредок.

3_resize

Зошто мислите дека е важно да се размислува за решенија надвор од системот?

Мислам дека сега тоа не се решенија надвор од системот, туку решенија кои се дел од системот. На пример, кога бев во Кобе 1995 година, кога немаше архитекти во зоната на катастрофата, можеби архитектите не мислеа дека одењето во зоната на катастрофата е дел од улогата на професијата, но е. И сега, секаде, кога ќе отидам во област на катастрофа и има толку многу архитекти кои работат, тие тогаш препознаваат дека тоа е дел од нашата улога. Значи, сега нема ништо надвор од системот. За мене се што е достапно е архитектонски градежен материјал. Не можете да кажете надвор или внатре во системот. Сè е поврзано.

2_resize

Јапонскиот павилјон на Експо 2000, Хановер, Бан

Архитектонската професија се развива многу брзо во последниве години. Што мислите, каде треба да биде фокусот?

Мислам дека улогата воопшто не се менува. Архитектурата е особено необична област во споредба со другите. На пример, технологијата ги пправи другите дисциплини или било која област подобри, дури и банкарството или што и да е друго. Но архитектурата е само една од ретките, или можеби единствена област, која напредокот на технологијата не ја прави подобра. Затоа мислам дека професионалната работа не се менува. Зградите беа подобри пред 100 години, пред 200 години, кога немаше технологија. Напредната компјутерска технологија го олеснува проектирањето, ја олеснува изградба. Но, квалитетот е се полош и полош. Така што, не мислам дека улогата на архитектурата и нашите области драматично се менуваат, дури ниту поради технологијата.

5_resize

Центарот на светско наследство  посветен на планината Фуџи, Бан

Зошто мислите дека е важно константно да се враќате во оние земји каде што постојано се случуваат кризи?

Пред се, за жал, не можам да одам секаде. На пример, минатиот месец имаше голема поплава во Пакистан. Го стопирав патувањето затоа што таму не познавав никого. Затоа ги повикав сите мои контакти, мојот пријател во Индија, да видам дали некој би бил заинтересиран за моето доаѓање. Но сепак, таму беше тешко да се организира. Дури пред пет години дојдов овде во Мексико да го видам подрачјето на катастрофата, сретнав некои архитекти и некои луѓе, но ништо не се случи. Прво морам сам да направам тим и кога ќе успеам да направам добар тим, може и да се случи  проектотот да тргне напред.

Се сеќавам и на Еквадор 2016 година, отидов и го запознавме првиот прототип, но не можев да соберам средства, па проектот не мрдна од мртва точка. Не успевам секогаш. Но, важно е дека одам таму да запознаам некого. И ако имам среќа, да запознаам добри луѓе и да направам добар тим, можам да работам на некои проекти. Но, важно е да се запознаме бидејќи секоја прилика е различна. Создавањето тим е најважно.

1_resize

 

Centre Pompidou-Metz, Франција, Бан

Што би им порачале на новите генерации кои се соочуваат со овој нов свет со мноштво кризи?

Кога бев студент, никој не беше заинтересиран да зборува за катастрофи. Но, сега има многу студенти по архитектура кои навистина помагаат во проекти. Тие се заинтересирани да работат со општеството и за општеството. Меѓутоа, работата е во тоа што е тешко да се сфати дека не треба да зависиме од технологијата.

Погледнете го целото интервју

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top