Насловна / Вести / Португалија го довршува најголемиот пловечки соларен парк во Европа

Португалија го довршува најголемиот пловечки соларен парк во Европа

Португалската електроенергетска компанија EDP го довршува поставувањето на најголемиот пловечки фотонапонски парк во Европа, кој во Португалија од јули ќе овозможи забрзан премин на обновливи извори на енергија. Станува збор за 12.000 фотонапонски панели со вкупна инсталирана моќност од 5MWp на акумулацијата Alqueva, најголемото вештачко езеро во Западна Европа.

edp1

Електраната ќе има и систем од батерии за складирање на енергија. Компанијата EDP прва во Европа ја тестираше можноста за меѓусебно надополнување на хидро и соларната енерргија во 2017 година, со пилот проектот на пловечкиот фотонапонски остров со 840 панели на браната Alto Rabagao. Проектот во Alquevа е дел од стратегијата на EDP за целосен премин на обновливи извори на енергија до 2030 година. Во моментот обновливите извори имаат удел од 78% во вкупниот инсталиран капацитет на оваа компанија.

edp3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top