Насловна / Вести / Поминете го летото во Љубљана- учествувајте во летните школи на Универзитетот од Љубљана

Поминете го летото во Љубљана- учествувајте во летните школи на Универзитетот од Љубљана

Летото само што не стигнало, носејќи со себе свежи можности за развој и нови искуства!

Се надеваме дека успешно се пријавивте на посакуваните факултети и академии во првиот уписен рок за додипломски студии! На крајот на летото, ќе имате можност да се пријавите во вториот уписен рок или во рокот за се уште непополнетите места, така што ве покануваме да ја посетите нашата страница за повеќе информации во врска со условите за упис.

Се уште има време за оние коишто се заинтересирани за магистерски и докторски студии! Посетете ја нашата страница за да научите повеќе за уписот на магистерски и на докторски програми за да не го пропуштите рокот за пријавување!

UL-IFP, d.o.o. (3)

 фото: „UL-IFP d.o.o.“

ЛЕТНИ ШКОЛИ

Летото што доаѓа нуди извонредна можност за времено да ги одложиме нашите обврски и да се наполниме со енергија за новата академска година. Несомнено, ова може да се постигне со ново знаење, искуство и врски!

Летните школи организирани од членовите на Универзитетот од Љубљана може да биде добра подготовка за започнување на студии при Универзитетот од Љубљана или за запознавање со можностите што ги нуди истиот.

15-Poletje v LJ

фото: „I feel Slovenia“

Учествувајќи во нив, можете да искусите како е да се живее во Љубљана, да го запознаете градот и да го почувствувате духот на студирањето при Универзитетот во Љубљана. Нашите факултети и академии нудат голем избор од над 40 курсеви на летни школи од широк спектар на дисциплини: од економски и деловни науки, право, па се до социјална работа и технички науки. Посетете ја нашата страница и изберете еден или повеќе курсеви што ви се допаѓаат и поминете го летото со нас: https://www.uni-lj.si/study/summerschools/.

lj3

СО МЕЃУНАРОДНИ СТУДЕНТИ ЗА…

Оние коишто веќе интензивно се подготвуваат да дојдат да учат треба да знаат дека е многу важно да се добијат информации од „прва рака“ за тоа како изгледа да се биде меѓународен студент на Универзитетот од Љубљана! Знаеме дека ова е навистина важно за идните студенти и се гордееме што можеме да ви ја претставиме новата серија на видеа „Со меѓународни студенти за…“ која има за цел да го претстави студирањето во Словенија и на Универзитетот од Љубљана. Во оваа серија нашите меѓународни студенти-амбасадори ќе одговараат на разни прашања вклучувајќи ги: зошто се одлучиле да студираат на Универзитетот од Љубљана, како е да се студира овде, дали наишле на некакви предизвици, кои се предностите на студирањето и уште многу други прашања што може да ги интересира тековните и идните студенти на Универзитетот од Љубљана, како и оние кои размислуваат еден ден да се запишат на факултет или на академија при нашиот Универзитет.

 

Линк до останатата „плеј листа”:

https://youtube.com/playlist?list=PLHuFI9ewvHMNp_R174UGYOqYVC8yXQ5We.

Од суштинско значење е да се изберат вистинските студии и целосно да се подготвите за нив. Ако сте заинтересиран да студирате на Универзитетот од Љубљана, како и за другите активности како што се летните школи, предлагаме да ја посетите нашата веб-страница, социјалните мрежи, како и штандовите на виртуелниот саем за образование »Na koji ćeš faks«. Не двоумете се да не контактирате ако ви треба помош или насоки. Ќе дадеме се од себе за да ви обезбедиме информации и одговори на вашите прашања поврзани со студирањето и активностите на нашиот Универзитет!

Куси и корисни информации на македонски јазик може да се најдат на овој линк:

https://www.uni-lj.si/study/presentation/study-macedonian/.

www.uni-lj.si/study

study.info@uni-lj.si

лј2

Испрати коментар

Scroll To Top