Насловна / Вести / Светска метеоролошка организација: Следните 5 години, ќе бидат најтоплиот период во историјата

Светска метеоролошка организација: Следните 5 години, ќе бидат најтоплиот период во историјата

Најновиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО), проценува дека постои 66% веројатност дека годишната просечна глобална температура (annual average near-surface global temperature) во периодот помеѓу 2023 и 2017 година ќе биде повисока за повеќе од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа. Исто така, 98% е веројатноста дека барем една од наредните пет години, како и петогодишниот период во целина, ќе бидат најтопли во историјата. Инаку, досега најтопла била 2016 година кога „Ел Нињо“ бил исклучително силен.

wmo1

Извештајот не значи дека трајно ќе го надминеме нивото од 1,5 степени Целзиусови, кое како граница за долгорочно глобално затоплување е наведено во Парискиот договор за климата, рекол генералниот секретар на СМО, Петери Талес, но истакнал дека сакаат да ја алармираат светската јавност дека оваа граници ќе биде се почесто надминувана.

wmo2

Во 2022 година, просечната глобална температура била околу 1,15 степени над просекот во периодот 1850-1900, со тоа што ладниот бран кој го донела „Ла Ниња“ во текот на поголемиот дел од последните три години, привремено го ставил под контрола долгорочниот тренд на затоплување. Но, според извештајот на СМО, „Ла Ниња“ завршила во март 2023 и се предвидува дека во наредните месеци ќе се развие „Ел Нињо“. Типично, тој влијае на зголемување на глобалните температури во годината потоа, односно во овој случај во 2024 година.

wmo3

Извештајот WMO Global Annual to Decadal Climate Update (target years: 2023-2027) покажува дека постои веројатност од 32% дека порастот на средната петогодишна вредност на глобалните температури ќе ја надмине границата од 1,5 степени. Извештајот го подготвила Метеоролошката служба на Велика Британија, водечки центар на СМО за вакви прогнози.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top