Насловна / Вести / Ова летувалиште во Хрватска е прогласено за нјелегантно европско место на приморје

Ова летувалиште во Хрватска е прогласено за нјелегантно европско место на приморје

Цавтат е најелегантната приморска дестинација во Европа за 2026 година, според изборот на платформата European Best Destinations. Во конкуренција на над 200 европски приморски дестинации, првото место е освоено во конкуренција на многу познати туристички атракции како на пример Портофино, Хидра и сл. За победникот одлучувале гласовите на патници од 134 земји, а при изборот на финалистите вреднувани биле три клучни критериуми:

  • Архитектурата и културното наследство – изгледот на градбите, историската вредност и зачуваноста на идентитетот на дестинацијата
  • Начинот на живот и квалитетот на понудата – угостителство, гастрономија, локална атмосфера и вкупното доживување од престојот
  • Убавината на крајбрежјето – природниот пејсаж, плажите, пристаништата и визуелниот склад на просторот

Според образложението на платформата European Best Destinations, меѓу најважните фактори кои влијаеле на изборот биле зачувувањето на културното наследство, уреденоста на јавните простори и настојувањето да се сочува автентичниот изглед на местото. Посебно е истакната уреденоста на зелените површини, зачуваните историски градби и шеталиштето покрај брегот. Платформата го користи и изразот “нанаметлив луксуз“, со кој ја опишува комбинацијата од мирен одмор, квалитетно сместување, богата културна понуда и природно опкружување без потпирање на масовен туризам.  

Испрати коментар

Scroll To Top