Насловна / Архитектура / Хотел во „подземје“: Овој објект е целосно вграден во пејзажот

Хотел во „подземје“: Овој објект е целосно вграден во пејзажот

Грчкото архитектонско биро MOLD Architects со седиште во Атина, основано е во 2011 година од Iliana Kerestetzi. Нивната пракса интегрира истражувања, архитектура, пејзаж, напреден компјутерски дизајн, параметарски дизајн, графички дизајн, внатрешен дизајн. Нивните проекти вешто и непречено се претопуваат со прекрасниот грчки пејзаж.

2

Овој пат се автори на уште еден објект сраснат со брегот на Егејското море, сега на островот Серифос.

MOLD Architects го реализирале проектот на хотел на островот, кој претставува неверојатен спој на историја и современ дизајн.

0

Објектот Homa Vagia на прва може да се забележи само благодарение на неговиот рамен, перфориран кров, бидејќи примарната идеја била да се вклопува речиси неприметно во неговиот единствен крајбрежен амбиент, за да се дозволи карпестиот терен да доминира, а хоризонтот да остане чист.

12

Homa Vagia е сместен сред поранешна рударска област, а е обликуван на начин да му оддаде почит на својот контекст.

Новоизградените простори служат како постојан потсетник на богатото „подземје“, како и на културното наследство на ова подрачје.

5

Оживување на сценариото на живеење под површината на земјата

Поврзувајќи се со оваа идеја, архитектите тргнале во мисија да го оживеат сценариото на живеење под површината на земјата, формирајќи ја на тој начин основната идеја на проектот.

Црпејќи идеи од калдрмисаните патеки и железничките пруги кои остро го пресекуваат природниот пејзаж, MOLD Architects го проектирале хотелот водејќи се од две линии под агол, кои неприметно се вклопуваат во теренот.

Овие две линии дефинираат две рамни платформи, кои служат како основа за организација на просториите.

13 11

Пристапување на нов терен

Приближувајќи се до конаците од нивото на кровот, посетителите низ локацијата ги водат линеарни скали кои служат како порта на овој „нов терен“, кој овојпат е наменет за привремено сместување, скриен под земја.

Овој концепт повлекува паралела со одредени елементи препознаени во темните простори на рудниците, кои биле единствениот извор на светлина.

6

Отворање на погледот

Како што посетителите се спуштаат во длабочина, се отвораат погледи кон тераси, скали и базени.

Овие внимателно изработени елементи, преплавени со природна светлина, создаваат функционални и атрактивни простори за живеење.

Секоја единица за сместување е организирана така што ја нуди сета потребна приватност, како и погледи на морето.

3

Природни материјали за врска со земјата

Името Homa, изведено од грчкиот збор за земја, оддава почит на елементарната врска на проектот со земјата.

7

Минералниот пигмент на земјата во малтерот, вградениот мебел од полиран бел бетон и природни карпи, кои ја врамуваат конструкцијата, претставуваат пример за скулпторска обработка на природен терен.

Homa Vagia е сведоштво за трансформативната моќ на архитектурата, покажувајќи како внимателно разгледување на контекстот и длабоко уважување на минатото можат да резултираат во извонреден и волшебен простор.

4 14 7 8 9 10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top