Насловна / Арт и дизајн / Половина век на постројката за спалување отпад Spittelau во Виена

Половина век на постројката за спалување отпад Spittelau во Виена

Виенското енергетско претпријатие Wien Energie, годинава слави половина век од отворањето на постројката за спалување на отпад Spittelau која преработувајќи 250.000 тони отпад годишно, снабдува 60.000 домаќинства со греење и околу 50.000 домаќинства со електрична енергија. Освен тоа, Spittelau има поставено нови стандарди во заштитата на животната средина: располага со најмодерна технологија за чистење на димните гасови во светот, па така го обработува отпадот на највисоко ниво на еколошка прифатливост. Годишниот просек на емисии на јаглерод диоксид е 90% под граничните вредности.

spittelau2

Посебна атракција и асоцијација кога станува збор за овој објект се препознатливите шарени структури, дело на уметникот Friedensreich Hundertwasser. Откако се уверил дека Виена прави вистински заложби во насока на намалување на отпадот, уметникот ја прифатил молбата на тогашниот градоначалник, да ја наслика фасадата на постројката. Еден од условите кои ги барал уметникот, било опремување на објектот со најмодерна технологија за прочистување на димните гасови.  Спектакуларната уметничка градба според визијата на Hundertwasser требало да послужи како пример за хармоничната симбиоза на технологијата, екологијата и уметноста, а уметникот се откажал од хонорар за својата работа. Токму поради мозаичната фасада, златната кугла на оџакот, брановитите линии и зелениот покрив,  Spittelau станува вистинска туристичка атракција и една од најчесто фотографираните знаменитости на главниот град на Австрија, а привлекува и стручни делегации од целиот свет кои сакаат да го запознаат виенскиот пример на добра практика.

spittelau1

Во близината на оваа постројка, од 2009 година се наоѓа и централа за далечинско ладење со која градското енергетско претпријатие ги снабдува граѓаните на Виена. Моќноста е 17 MW, што одговара на вкупната моќност на околу 4.860 клима уреди. Во моментот се гради и постројка која вишоците на електрична енергија (од ветерните електрани) ќе ги претвора во топлинска енергија за потребите на системот за централно греење на градот, користејќи ја т.н  power to heat  технологија. Оваа постројка ќе биде пуштена во погон на почетокот на следната година.  И овој објект ќе биде украсен со мозаици според стилот на  Hundertwasser.

spittelau3

spittelau4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top