Насловна / Архитектура / Зелената агенда му донесе на Препарим Рама победа на изборите за градоначалник на Приштина

Зелената агенда му донесе на Препарим Рама победа на изборите за градоначалник на Приштина

Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (LDK) постигна полн погодок со кандидирањето на Препарим Рама за прв човек на Приштина. Архитект школуван во Лондон, каде се преселил во 1992 година, без било какво политичко искуство, тој успеа да го победи кандидатот на владејачката партија. Се чини дека клучен момент беше неговата зелена агенда, што е потврда на трендот кој се јавува на Балканот. Томислав Томашевиќ, кој најголем дел од животот бил активист за заштита на животната средина, оваа година стана градоначалник на Загреб, освојувајќи рекорден број гласови.  Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и локалните власти работат на зелени проекти, вклучувајќи и напори во одржлива мобилност.

rama1

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој на таа позиција е од 2012 година, се потпира на одржливиот развој, благодарение на кој Љубљана во 2016 година стана Европска зелена престолнина. Начините за решавање на загадувањето на воздухот и сообраќајниот метеж беа централни теми и во кампањата за локалните избори во Скопје, каде и покрај традиционалната доминација на кандидатите на најголемите партии, независната кандидатка Ана Петровска, архитект и екологист, освои значителен број гласови, поголем од бројот на гласови на една партиска коалиција.

rama3

rama2

Граѓаните на Приштина се определија Рама да го води градот, познат како упориште на владејачката партија. Тој вети дека во текот на неговиот мандат ќе бидат посадени 800.000 дрвја, а ќе се воспостави и зелен простор на 250 хектари, со коридор за пешаци и велосипедисти. Градот се соочува со екстремна загаданост на воздухот. Рама изјавил дека значителен број домаќинства користат јаглен за загревање и тоа мора да се промени. Во таа насока, градската администрација ќе имплементира мерки за замена на енергентите и енергетска ефикасност во домаќинствата. Се обврзал и на проширување на системот за далечинско греење, односно двојно зголемување на капацитетот на компанијата за греење Termokos на 280MW.

 

Испрати коментар

Scroll To Top