Насловна / Архитектура / Рај за земјоделци и романтичари – рустична куќа во срцето на Англија

Рај за земјоделци и романтичари – рустична куќа во срцето на Англија

Оваа уникатна камена викендица се наоѓа меѓу прекрасно уредените градини во срцето на Англија и е вистински мал рај за сите љубители на земјоделството.

Anglija

Но, и за сите романтичари, бидејќи патеката што води до оваа убава зграда е нешто како оние мали патеки за кои читаме само во бајките. Густа шума, ливади, прекрасно уредени градини – сето тоа се „пречки“ кои мора да се надминат за да се дојде до имотот и куќата која била изградена далечната 1809 година, но која оттогаш претрпела бројни трансформации.

Anglija3

Областа позната по својата недопрена природа се состои од богати и разновидни градини кои се развиваат и внимателно се одржуваат со децении заедно со густа ограда и разновидни дрвја кои обезбедуваат сенка и потребна приватност. Покрај неприкосновената дива убавина, овој дел од имотот нуди и голем избор на сезонско овошје и зеленчук, а има и стакленик како и помошни простори кои се користат за садење, складирање дрва, но и престој на отворено за време на топлите месеци.

Anglija1

Големиот влезен хол е идеално место за уживање во ручек, но и фантастичен поглед на околната градина. Главниот простор за живеење се наоѓа на едната страна од ходникот – тоа е друга просторија со неверојатни прозорци и огромни стаклени врати кои се отвораат за да ги одведат домаќините на терасата. Трпезаријата доаѓа во пакет со кујната, а заедно се наоѓаат во најстариот дел од куќата. Овие простории се исто така полни со топлина и оригинални детали како што се дебели изложени греди, цврсти дрвени подови, па дури и шпорет на дрва. Кујната е опремена со рачно изработени ормари, самостојни работни површини и големи прозорци.

Anglija2

Благодарение на централното отворено скалило, обезбеден е пристап до горниот кат, кој се состои од две спални соби, од кои секоја гарантира не само удобно место за спиење, туку и доволно (добро дизајниран и исклучително оригинален!) простор за складирање. Вреди да се спомене и пространата работилница или студио кое се наоѓа спроти главната куќа и кое нуди дополнителен простор за работа и живот.

Anglija5

За крај, да напоменеме дека оваа недопрена природа е идеална за сите оние кои сакаат долги попладневни прошетки, бидејќи во околината на оваа дива куќа има бројни јавни пешачки патеки кои се чини дека се создадени за подобро да го објаснат значењето на зборот “селска идила“.

Anglija6

Anglija7

Anglija4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top