Насловна / Вести / Пловечки соларни електрани со иновативна технологија ќе се инсталираат во Северното море

Пловечки соларни електрани со иновативна технологија ќе се инсталираат во Северното море

Германската мултинационална енергетска компанија RWE и холандско – норвешката компанија SolarDuck, заедно ќе работат на изградба на пловечки соларни паркови на море. Како што истакнува RWE, во своето соопштение за медиумите, SolarDuck развил иновативна технологија на пловечки соларни електрани која ќе го реши проблемот со недостаток на расположиво земјиште за изградба на обновливи извори на енергија. Идејата е пловечките електрани да се интегрираат со офшор ветерните електрани со цел поефикасно користење на океанскиот простор за производство на енергија од обновливи извори.

solarduck1

Изградбата на соларните паркови на море бара технологија која е во состојба да ги издржи сите тешки услови, вклучувајќи ги и високите бранови, силни ветрови и корозивното дејство на морската вода.  Платформата на SolarDuck има триаголен облик, и го има добиено првиот светски сертификат за пловечка соларна неергија издаден од страна на меѓународната компанија за сертификација Bureau Veritas. Таа е проектирана да биде неколку метри над водата и „да ги следи брановите како тепих“, се појаснува во соопштението. Врз основа на овој концепт, германскиот гигант RWE ќе ја финансира изградбата на првиот пилот проект во Северното море.

solarduck3

Проектот под името Merganser, со капацитет од 0,5 MWp, ќе биде инсталиран покрај брегот на Остенде во белгискиот дел на Северното море, и ќе им обезбеди на двете компании важно искуство пред комерцијализацијата на оваа технологија планирана за 2023 година. Merganser е првиот чекор во соработката на компаниите RWE и SolarDuck, и претставува темел за поголем демонстрациски проект во склоп на ветерниот парк  Hollandse Kust West (HKW).

solarduck2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top