Насловна / Вести / Се продава болидот на Шумахер

Се продава болидот на Шумахер

Болидот Ferrari F300 на седумкратниот шампион на  Formulа 1, Михаел Шумахер ќе биде продаден на аукција во август.  Станува збор за болидот од 1998 година, во кој Шумахер оствари четири од шесте победи во таа сезона. Болидот е погонуван од 3.0 литарски V10 мотор кој развива 800 hp. Сега, прв пат во историјата, Ferrari F300 е понуден на продажба, на аукција организирана од аукциската куќа RM Sotheby’s Monterey. На шасијата на болидот е бројот 187, а Михаел возејќи го овој болид ја остварил првата победа во Канада, истовремено впишувајќи го и најбрзиот круг. Наредната година победил во Франција, а потоа во Велика Британија. Четвртата победа е остварена на трката за Големата награда на Италија. Сепак шампион во таа година бил Мика Хакинен, а Шумахер завршил како второпласиран.

ferrari1

Ferrari го чувал овој болид до септември 1999 година, кога го продал, а тој купувач го поседува до денес. Болидот е во фантастична состојба, а се очекува новиот сопственик да издвои помеѓу 6 и 8 милиони евра.

ferrari2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top