Насловна / Арт и дизајн / Најтенкиот часовник на светот ќе чини речиси 2 милиони долари

Најтенкиот часовник на светот ќе чини речиси 2 милиони долари

Само неколку месеци откако Bvlgari ја освои титулата со Octo Finissimo Ultra од 1,8 милиметри дебелина, Richard Mille поставува нов рекорд. RM UP-01 Ferrari со вкупна дебелина од 1,75 милиметри, направен од титаниума од петта класа, е уште еден во низата ултра тенки, ултра лесни часовници кои ја продолжува традицијата на Richard Mille. Часовникот е направен во соработка со Ferrari. Како што истакнуваат дизајнерите, RM UP-01 Ferrari има традиционална структура на куќиштето во која е сместен комплетниот механизам. И покрај рекордните димензии,  часовникот има респектабилна резерва за 45 часови работа. Два сафира со дебелина од само 0,2 милиметри го прекриваат индикаторот за време и регулациониот механизам, обезбедувајќи  водоотпорност и на длабочина од 10 метри.

rmwatch1

Часовникот има свој наменски сајт со повеќе информации, а ќе биде произведена ограничена серија од 150 парчиња. Кога ќе се појави на пазарот, ќе чини  1,888 милиони долари. Швајцарскиот производител на луксузни часовници е уверен дека неговите клиенти не стравуваат да си поиграат со своите милиони. Познатиот тенисер Рафаел Надал е амбасадор на овој бренд.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top