СО КВАЛИТЕТ И ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВО ПРОТИВ ЦЕНАТА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ
”Тондах Македонија” е дел од
австриски “Тондах”. Каква групација е
тоа и како се најдовте во неа?
Фабриката за ќерамиди ИГМ “Пролетер”
од Виница, формирана во 1946 година, имаше долга традиција, но во периодот на транзицијата
во Македонија вработените ја приватизираа
и станаа сопственици на 70 отсто
од акциите. Тогаш работевме добро, но
имавме стара технологија. Македонскиот
пазар се отвораше, конкуренцијата беше се
поголема, а ние со старата технологија не
гледавме иднина за фабриката. Со мала реконструкција
не можеше да се постигне поголем
ефект, а опремата беше многу скапа и
ни беа потребни многу пари. Баравме кредити,
но не можевме да ги обезбедиме бидејќи
банките не беа подготвени толку да инвестираат
зашто вредноста на фабриката не
беше голема и не можевме да ставиме хипотека.
За да обезбедиме иднина за фабриката
и за вработените, донесовме одлука да
бараме стратешки партнер кој ќе вложи најмалку
10 милиони тогашни германски марки.
Имавме среќа во 2000 година да го најдеме
еден од најголемите производители на ќерамиди
во Европа, “Тондах”, со седиште во
Австрија. Тоа е групација која исклучиво се
бави со производство на глинени ќерамиди и
е најголема во таа бранша во Средна, Централна
и Југоисточна Европа. Има 35 фаб
рики во 10 држави. Со “Тондах“ цела година имавме многу
тешки преговори, зашто тогаш Македонија уште не беше
сигурен пазар за странците. Но, во 2001 година дојдовме до
договор. Наш услов беше некој да дојде со пари, да инвестира,
да донесе технологија. Тоа го постигнавме, но Австријиците
ни понудија да ги купат и нашите акции. Вработените
со задоволство ги продадоа и “Тондах“ стана стоотстотен
сопственик на фабриката. Според договорот, тие требаше
во првите три години да инвестираат, а ние да го намалиме
бројот на вработените. Австријците одлучија да не ја реконструираат
старата фабрика, туку да направат нова во Виница.
Тоа не беше инвестиција од 10 милиони марки како
што сакавме, туку од 15 милиони евра. Во новата фабрика
работиме од 2004 година, постигнуваме резултати, газдите
се задоволни.
Какво производство имате и каде го пласирате?
Нашите производи се познати, тоа се глинени ќерамиди,
градежен материјал за покривање, кој 90 отсто се користи
во индивидуалната станбена изградба. Правиме повеќе типови
ќерамиди и нудиме комплетно покривно решение со
додатоци за покрив. Со пуштањето на новата фабрика го
зголемивме капацитетот за 80 насто и пазарот во Македонија
ни стана тесен, па почнавме да извезуваме. Во последните
две години 40 отсто од производството го извезуваме
во околните земји: Бугарија, Албанија, Косово. Станува
збор за производ кој не трпи долг транспорт и затоа “Тондах“
прави локални фабрики.
Дали сте задоволни од прометот и од условите на
домашниот пазар? Имате ли сериозна конкуренција?
Конкуренцијата е голема. Иако ние сме единствен производител
на глинени ќерамиди во Македонија, отсекогаш
на овој пазар имало голема конкуренција. Но се справуваме
со неа, зашто имаме квалитетен производ. Иднината на секој
производ е квалитетот.
“АВСТРИСКИТЕ ГАЗДИ ОДЛУЧИЈА ДА НЕ ЈА РЕКОНСТРУИРААТ
СТАРАТА ФАБРИКА, ТУКУ ДА НАПРАВАТ НОВА ВО ВИНИЦА.
ТОА НЕ БЕШЕ ИНВЕСТИЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ МАРКИ КАКО
ШТО САКАВМЕ, ТУКУ ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА. ВО НОВАТА
ФАБРИКА РАБОТИМЕ ОД 2004 ГОДИНА, ПОСТИГНУВАМЕ
РЕЗУЛТАТИ, ГАЗДИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ. КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРИ
ОВЛАСТЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, НИЕ СИГУРНО ЌЕ БИДЕМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ КОИ ЌЕ ГО ПОБАРААТ CE ЗНАКОТ, БИДЕЈЌИ НИ Е НЕОПХОДЕН ЗАТОА ШТО ИЗВЕЗУВАМЕ“
Имате ли проблеми со нелојална конкуренција и
како се носите со неа?
Бидејќи станува збор за конкуренција од увоз, од производи што минуваат преку граница, немаме такви проблеми.
Вашиот слоган е “Покрив од природата“, што асоцира
на производство од природни материјали. Какви суровини употребувате во производството и каде ги набавувате?
Материјалот е сто отсто природен. Употребуваме глина
која според карактеристиките е позната како најдобар материјал
за живеење. Оваа суровина ја обезбедуваме исклучиво од источниот дел на Македонија, околу фабриката.
Поради суровината тука е направена и фабриката. Имаме
квалитетни глини, затоа и добиваме квалитетен производ.
Нашиот производ е поврзан со четири основни елементи:
земја, вода, оган, воздух. Земјата е глина, таа се меша со
вода, се прави тесто, па се пече на илјада степени, тоа е огнот
и, нормално, производот се користи за природни живеалишта, тоа е асоцијацијата на воздухот.
Индустријата на градежни материјали последниве
години е во подем. Дали тоа му се случува и на “Тондах
Македонија“?
Нема некој подем во делот каде што се користи нашиот
производ, ќерамидата. Тука изградбата стагнира. Се помалку
се прават индивидуални домови, а се зголемува процентот
на искористување на нашата ќерамида кај санациите.
Старите покриви се менуваат и тоа е причината за зголемување
на процентот на производство. Општо гледано,
продажбата на ќерамидите како покривен градежен материјал
нема подем, туку стагнира во Македонија.
Како се одразува растот на цената на нафтата и
на другите енергенси на вашето производство?
Користиме струја, мазут и пропан бутан гас. Нивната
цена вртоглаво расте и тоа се одразува на нашето производство.
Мораме да водиме сметка за намалување на
другите трошоци за да се покриеме. Инаку, со цената не
можеме да ги следиме тие трошоци, не можеме да ја покач
уваме повеќе од пет отсто зашто ја диктира пазарот. И
конкуренцијата е се поголема, така што не можеме соодветно
да ги покриеме трошоците преку цена, туку одиме
на намалување на другите трошоци. Исто така, го зголемуваме
и производството. Ние не можеме да влијаеме на
растот на цената на енергенсите и ако тој продолжи како
што се најавува, ќе мораме да бараме начини да се вклопиме,
но повторно преку намалување на другите трошоци
и со мало поскапување на производите.
Какви сертификати имаат вашите производи?
Градежните материјали се во групата на производи
кои треба да добијат еврокодови. Дали вашите ќерамиди
веќе ги имаат?
Производот го правиме по стандард. Според нашиот
начин на работа и организција, произведуваме по ISO
9001/2000 стандардот. Точно е тоа дека и нашите производи
се во групата што треба да ги добијат еврокодовите.
Нашите производи се веќе кодирани. Но, во Македонија
нема лабораторија за добивање на CE ознаката. Имаме
проблеми, посебно во Бугарија, каде што купувачите ја
бараат ознаката, која ние тука не можеме да ја обезбедиме,
а од друга страна не можеме да ја користиме од фабриките
на “Тондах“ во Австрија. Бидејќи во Македонија
нема овластена лабораторија, вадиме атести во Бугарија
и со тоа поминуваме на тој пазар. Сепак, нашиот производ
се продава во Бугарија, бидејќи таму знаат дека е квалитетен
и заинтересирани се за него, го купуваат и ни прогледуваат
низ прсти кога е во прашање CE ознаката. Но,
свесни сме дека во наредниот период тој проблем ќе биде
поизразен, па очекуваме дека наскоро во Македонија ќе
се формира таква лабораторија. Ние сигурно ќе бидеме
меѓу првите кои ќе го побараат CE знакот. Мораме да го
имаме затоа што извезуваме.
Постојано сте присутни на саемот “Градежништво“, а изложувате на вакви саемски манифестации и
во странство. Кои се бенефитите од ваквата деловна
стратегија?
Да, на саемите сме постојано присутни. Порано редовно
изложувавме на “Технома“, а сега сме на “Градежништво“. Мора да сме присутни и на саемите во странство,
зашто тоа е дел од нашата маркетиншка стратегија.
Учествуваме и на саемите во земјите каде што “Тондах“
има свои фабрики. Ние ја покриваме Албанија и Бугарија.
Овој месец има саем во Софија, а во мај во Пловдив и ние
ќе се појавиме таму. Инаку, бидејќи во Србија има фабрика,
на Белградскиот саем “Тондах“ се претставува преку
неа, а на саемот во Загреб фабриката од Хрватска или од
Австрија. Истовремено со нашиот саем “Градежништво“
учествувавме и на саемска манифестација за градежништво во Романија, каде што исто така има наша фабрика.
Познато е дека ефектите од излагањето на саеми се
големи. За кратко време можат да се видат многу купувачи, да се направат повеќе контакти. На овогодишната саемска
манифестација “Градежништво“, на пример не посетија
90 отсто од купувачите, особено тие од Косово.
Кога го споменавте Косово, таму има експанзија
во градењето. Дали тоа е и ваш пазар, особено сега, кога
политичката ситуација е неповолна?
”Тондах“ го покрива Косово со две фабрики, со нашата
и со фабриката во Србија. И покрај политичката ситуација,
работата таму се одвива нормално, па се пласираат и
ќерамидите од српската фабрика. Така е зашто економијата
нема граници. Имаше само мал застој, кога беа запалени
мостовите и камионите не можеа да се движат. На
тој пазар нема проблеми ниту нашата, ниту српската фабрика.
”Тондах“ отвора фабрика за ќерамиди во Унгарија
што се смета за инвестиција на 21 век. Што ќе значи
тоа за “Тондах Македонија“?
Во Унгарија “Тондах“ има пет фабрики. До средината
на оваа година ќе отвори уште една. Толку голема и автоматизирана
фабрика за ќерамиди нема никаде во светот.
Ќе има врвна технологија и печка долга 240 метри, што се
уште е несфатливо за луѓето од нашата бранша. Тоа многу
значи за имиџот на “Тондах“, но ќе се појават проблеми
со пласманот на производите. Лани “Тондах“ отвори фабрика
во Хрватска, годинава ќе отвори во Унгарија што
значи производи плус на пазарот. Сепак, нам таа фабрика
нема да ни биде конкуренција, бидејќи, како што реков,
овие производи не трпат долг транспорт, па затоа ќе произведува
за Унгарија, Романија, Украина и за Полска. Од
таму нема да доаѓаат производи кај нас. Но, гледано во
целина, сигурно ќе има проблеми со конкуренцијата, која
се зголемува од Германија кон Балканот. Сé повеќе се
носат слични производи. И во Бугарија се отвора фабрика
за бетонски ќерамиди, што значи дека конкуренцијата се
зголемува и ќе има беспоштедна борба. Меѓутоа, ние сметаме
само на нашиот квалитет, па затоа нашата фирма
оди смело и секоја година отвора по една фабрика. Во нашата бранша за квалитетот подеднакво се битни три работи:
глината, технологијата и квалификуваната работна
рака. Влијание има и традицијата во производството. Затоа
“Тондах“ прави фабрики само таму каде што има традиција.
Дали се планира проширување на производството,
нови производи и слично?
”Тондах“ планира проширување на бизнисот кон Бугарија,
Украина и Русија. Таква е неговата стратегија. Сега
се формира фирма во Бугарија и се планира во наредниот
период да се направи и фабрика. Што се однесува до новите
производи, ние сега го докомплетираме асортиманот.
“Тондах“ постојано го проширува асортиманот и прави
специјализирани фабрики. Ние не можеме да ги произведеме
сите потребни елементи за покривање или сите типови
ќерамиди. Специјализирани сме за пресувани ќерамиди,
а другите ќерамиди на “Тондах“ на македонскиот
пазар ги обезбедуваме преку другите наши фабрики. Значи, нудиме комплетен асортиман, но пробивањето на тие
производи оди тешко бидејќи колку повеќе се произведуваат,
толку се зголемува цената. Во секој случај, нудиме
комплетен асортиман на “Тондах“. Ние на македонскиот
пазар продаваме ќерамиди и од Аврстрија, Словенија,
Хрватска и од Србија. Интересна е организацијата на
“Тондах“. Уште еднаш ќе кажам дека токму поради цената
на транспортот групацијата не нуди производи од еден
центар, туку прави локални фабрики. Интересно е тоа
што и менаџментот е локален. Во нашата фабрика нема
ниту работници, ниту менаџери од Австрија.
Светлана Вукчевиќ
Објавено во број 79.