Насловна / Вести / На конкурсот за надградба на ГТЦ: За трудот „1234+5” првата награда

На конкурсот за надградба на ГТЦ: За трудот „1234+5” првата награда

На Меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за надградба-дооформување на третиот кат на Градскиот трговски центар првата награда ја освои трудот со шифра – „1234+5” на авторите архитектите Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиева и Ана Ивановска.

 

Комисијата во состав Аго Абазовски, директор на АД ГТЦ Скопје и членовите архитектите професор м-р Георги Константиновски, професор д-р Јасмина Сиљаноска, член на ААМ, машинскиот инженер професор д-р Владимир Георгиевски, како и архитектите Костадинка Пешевска-Лукаревска, Слободан Богоевски и Марија Павловиќ по детално и поединечно разгледување, во согласност со критериумите објавени во Огласот, додели и втора и трета награда, како и два откупа. Решението под шифра “НЕБО“ на авторите – архитектите Јана Јаневска и Сергеј Никољски, со соработниците Нина Карангелеска, Оливер Илиевски, Дамјан Кокалевски, Милан Мијалковиќ, Есат Сехи, П.И. ја доби втората награда. Трета, пак, награда отиде во рацете на архитектите Огнен Марина, Јане Јанковски, со соработничката Емилија Мирчовска за трудот под шифра “ВОРОНОИ“.

Откупени се трудовите под шифра “ВОРОНОИ 5“ на авторите Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Бетим Зекири и Никола Стрезовски; како и “БЕЗ ШИФРА“ на архитектот Крсто Стаматовски, и Студиото “К Architects, INC“. Скопската публика ќе може да ги види наградените трудови на изложбата отворена во киното “милениум“ на 15 април во 20 часот. Публиката ќе може да ги погледне делата до 25 април, од 10 до 22 часот.

Објавено во број 80.

Испрати коментар

Scroll To Top