Насловна / Вести / НЕ „Кршко“ го довршува проектот за воведување на суво складиштење на истрошеното гориво

НЕ „Кршко“ го довршува проектот за воведување на суво складиштење на истрошеното гориво

Нуклеарната електрана „Кршко“ го спроведува третиот периодичен безбедносен преглед на објектот, безбедносни анализи, работа и употреба на погонските искуства, водење, влијание врз животната средина, физичка заштита и заштита од зрачење, кој би требало да заврши до крајот на годината. НЕ „Кршко“ објави и дека воведува суво складирање на истрошено гориво, со што ќе се исполнат и условите и одлуките на правните тела за продолжување на работата на нуклеарката.

spremnik1

Воведувањето на сувото складирање на истрошеното гориво претставува премин од активни решенија на пасивни, бидејќи за овозможување на ладењето не е потребен било каков дополнителен уред, систем или енергент. Во светот е прифатено како најпримерно и проширено привремено складирање на истрошеното гориво. Со преместувањето на првите 592 горивни елементи во сувото складиште, оваа есен ќе заврши проектот на суво складирање. Сувото складиште е зграда со димензии 50 x 70 x 20 метри и со дебелина на армираните бетонска плочи од 1,75 метри. Обезбедено е мерење на зрачењето и температурата а вградена е и инфраструктура за надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Истрошените горивни елементи ќе бидат складиштени во садови со атмосфера со хелиум. Во секој таков сад ќе има 37 истрошени горивни елементи. Робустната изведба на складиштето ќе штити од екстремни временски услови, опасности од земјотреси, и сл.

 

Испрати коментар

Scroll To Top