Германскиот министер за економија и заштита на климата, сака да стартува ново поглавје во германско – бразилските односи, особено во поглед на климата и еколошките политики. За т.н „зелен“ мост преку Атланскиот океан тој зборувал на отворањето на Германско – бразилските бизнис денови во Бело Хоризонте. Бразил остварува одлични резултати во производството на енергија од обновливи извори, а има и голем потенцијал за производство на водород, рекол министерот. Тој истакнал дека постои можност за склучување на договор за слободна трговија помеѓу Европската унија и јужноамериканската конфедерација Mercosur, која ја сочинуваат Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Меѓутоа, економскиот напредок и заштитата на природните ресурси мора да одат рака под рака, осврнувајќи се на заштитата на прашумата. Ако се реализира, овој договор би креирал едно од најголемите подрачја за слободна трговија на светот со над 700 милиони луѓе. Но, тој договор бил на чекање за време на претходниот бразилски претседател Болсонаро, кој одби да соработува во делот кој се однесува на климатските промени. Исто така, климатските активисти и про-потрошувачките групи водат кампања против договорот кој ја загрозува прашумата и го зголемува производството на говедско месо. Претседателот на Сојузното здружение на германската индустрија, истакнал дека Бразил ќе игра се поважна улога, заклучувајќи дека Бразил и е потребен на Германија како економски, еколошки и геополитички партнер.