Насловна / Вести / Најголемиот германски соларно термален систем почна со работа

Најголемиот германски соларно термален систем почна со работа

Најголемиот соларно термален систем во Германија, започна со работа во близина на брегот на Балтичкото море. Станува збор за постројка која се простира на површина од четири хектари во Greifswald во североисточна Германија. Има моќност од 11MW и користи сончева енергија за производство на електрична и топлинска енергија. Топлинската енергија се обезбедува со загревање на вода која потоа се води го градската топлификациска мрежа. На овој начин годишно ќе се произведуваат 8.000GWh топлинска енергија за греење.  Во следната фаза на овој проект се планира зголемување на вкупната моќност со инсталирање на топлинска пумпа со голем капацитет.

solarthermal1

solarthermal2

Според Сојузното здружение за соларна економија (BSW), во моментот во Германија во погон се приближно 50 големи соларни термални построојки. Уште најмалку 50 се во изградба или во фаза на проектирање. Тие се од особено значење за намалување на зависноста од увозни енергенти и зајакнување на енергетската независност. Главните предизвици за постројките од овој вид се долгите постапки на одобрување и достапноста на земјиштето. Постројките мора да бидат лоцирани во близина на крајните корисници, со оглед на значителните топлински загуби доколку транспортот на топлата вода се врши на поголемо растојание.

solarthermal3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top