Насловна / Вести / Како државите ги мерат емисиите на стакленички гасови?

Како државите ги мерат емисиите на стакленички гасови?

За емисиите на стакленички гасови често се зборува и пишува во последните години. Некои држави емитуваат повеќе некои помалку, ретко се поставува прашањето како всушност тие се мерат? Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UNEP) објави напис во кој објаснува како се мерат овие емисии и дали тие мерења се точни.

ghg2

Како што стои во текстот, земјите известуваат за своите емисии преку она што е познато како пристап bottom up (од долу нагоре): националните емиссии се проценуваат со комбинирање на податоци за видовите активности со емисиите кои обично ги генерираат тие активности. На пример, ако се знае колку јаглерод диоксид генерира производството на челик, емисиите од овој сектор се проценуваат според производството на челик. Меѓувладиниот панел за климатски промени има одредено меѓународно усогласени смерници за тоа како треба да се вршат овие пресметки.

ghg1

Во текот на COP 26 во Глазгов минатата година, земјите се сложиле да го забрзаат своето намалување на емисиите пред 2030 година, со цел да се задржи порастот на просечната глобална температура под 1,5°C. Иако многу земји имаат поднесено нови или ажурирани климатски придонеси (NDC) со нешто повисоки амбиции, тие сеуште не се доволни за да се задржи глобалното затоплување на или под 1,5 степени. Со извештајот за намалување на емисиите за 2022 година, кој треба да биде објавен во очи на Конференцијата на Обединетите Нации за климатските промени (COP27) во Египет. Фокусот е на тоа колку брзо земјите можат да ги намалат емсииите на стакленички гасови со цел да се избегнат последиците од климатските промени.

ghg3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top