Насловна / Вести / Социјални феномени како резултат на несоодветни урбани практики

Социјални феномени како резултат на несоодветни урбани практики

Изградената средина е аспект на животната средина на кој сè повеќе му се посветува истражувачко внимание. Изградената средина се дефинира како дел од физичката средина, конструирана или модифицирана од човековата активност. Таа во себе ги инкорпорира начините на користење на земјиштето, транспортните системи, урбаниот дизајн, зелените површини, накратко урбаното ткаење составено од волумени и празнини. Бидејќи повеќето активности на корисниците се случуваат во текот на денот, а не во нивното слободно време, оттука квалитетите на изградената средина имаат значајна улога во олеснувањето на проактивниот начин на живот преку намалување на бариерите и создавање можности за физичка активност.

6_resize

2_resize

Архитектурата како мерка за урбана стимулативност

Карактеристиките на изградената средина кои имаат влијание врз степенот на нејзината функционалност вклучуваат:

• локација, густина и мешовитост во намената на земјиштето

• класификации на инфраструктурно поврзување

• пристапност до јавни услуги, работа, локална храна и други услуги

• безбедност и сигурност

• отворен и зелен простор

• достапно и енергетски ефикасно домување

• квалитет на воздухот

• отпорност на екстремни временски настани и климатски промени

• интеракција со заедницата

•транспорт
Изградената средина е тесно поврзана со здравствените нееднаквости, при што посиромашните луѓе егзистираат во средини со лош квалитет на воздухот, со речиси оневозможен пристап до зелените површини, и се едни од најчестите жртви со фатален исход во сообраќајот. Тенденцијата на иницирање промени во урбаните ткива може да ги намали овие нееднаквости преку создавање и одржување на изграденото опкружување кое ќе биде погодно за физичка активност. Големиот број на општествени, економски и еколошки придобивки, вклучуваат адаптација и ублажување на климатските промени, намален сообраќаен метеж, ревитализација на локалната економија и социјална интеракција во заедницата. Единствениот начин на кој би се постигнале зголемени нивоа на физичка активност е преку промените во урбаната форма, физичкиот состав и рационалната употреба на  изградените ткива. Вградувањето на физичката активност во дневните рутини бара низа активности кои заедно ги прават активното патување, одморот и случајните активности во дневните рутини на корисниците, најлесни, најевтини и најпривлечни опции. Таа може да биде функционална и нефункционална.

ТИПОЛОГИЈА

ФУНКЦИОНАЛНА СРЕДИНА

Степенот до кој изградената средина е пријателска за присуството на луѓе кои живеат, посетуваат или поминуваат време на единица простор се нарекува степен на „проодност“ (walkability). Спротивно на тоа, големата урбана распространетост се карактеризира со мала густина на користење на земјиштето, отсуство на центар на градот и помала поврзаност со улиците, па затоа пешачењето и возењето велосипед се непрактични при голема урбана распространетост и како такви се поврзани со седентарен начин на живот.

1_resize

Урбани конфигурации кои поттикнуваат физичка активност          

 КАРАКТЕРИСТИКИ

• Разновидноста во начинот на користење на земјиштето се однесува на нивото на интеграција во областа на различни видови на намени за физички простор.

• Уличната поврзаност се однесува на леснотијата на патување помеѓу две точки што е директно поврзано со карактеристиките на уличниот дизајн. 

• Пристапноста се однесува на леснотијата со која може да се дојде до посакуваните места или активности и се однесува на системот за користење на земјиштето и транспортниот систем.

Проектирањето и одржувањето на населбите, улиците, парковите и перцепцијата на луѓето за тие места врз основа на квалитети како што се естетска привлечност и перцептивна безбедност може да влијаат на физичката активност кај населението. На слободното одење, визуелната привлечност и безбедноста од криминал и густ сообраќај може да влијаат дестимулативно на желбата за пешачење.

Рекреативните и транспортните системи кои ја креираат физичката активност се најмногу под влијание на изградената средина. Доброповрзаните улични мрежи создаваат рути кои се пократки до дестинации кои го олеснуваат пешачењето од место до место, па затоа нивното проектирање  потребно е да се стреми кон чести вкрстувања и ортогонална геометрија.

Конечно, изградената средина која е безбедна, атрактивна, промовира лесен пристап до здрава храна и различни можности да се биде физички активен секојдневно, се смета за погодна за усвојување здрави начини на живот.

НЕФУНКЦИОНАЛНА СРЕДИНА

Нефункционалното опкружување, пак е место каде што поединецот не се чувствува поддржан на кој било начин, ниту пак почитуван поради она што е. Ова е средина што ја принудува личноста постојано да ги преиспитува своите вредности и себе си, преку хиперпродукција на негативни размислувања кои се случуваат без причина или предупредување. Дисфункционалната средина е средина каде однесувањето и ефектите од тоа однесување остануваат незабележани, каде луѓето се поттикнуваат на пасивност и летаргија, до оној степен да немаат свест за штетните влијанија на кои се изложени, било тоа да се физички или ментални.

5_resize

Дисфункционални средини, урбани средини кои продуцираат социјални нееднаквости

Причина за дебелина на населението

• Голем избор и пристапни цени

• Пораст на рестораните за брза храна, лесна достапност (лоцирање на примарна улична мрежа)

• Урбано ширење и намалено ниво на физичка активност (дезинтегрирана урбана матрица), кога зоната за домување е на голема далечина од економската зона, што го стимулира користењето автомобил

Eпидемијата на дебелина e резултат на недостатокот на инфраструктура на градско ниво што поддржува физичка активност, активни животни стилови и правичност во пристапот до здрава храна. Покрај тоа, културата на потрошувачка и погодност поврзани со прекумерната употреба на автомобилите од страна на нацијата како превозно средство игра важна улога во оваа епидемија. Сè повеќе луѓе, поминуваат време во своите автомобили возејќи до работа, училиште, што несомнено остава малку простор за редовна физичка активност. Според статистиките во 2006, повеќе од 66 проценти од возрасното население имало прекумерна тежина, што е повеќе од 47 отсто во доцните 1970-ти. Понатаму, се забележуваат разлики во физичката активност и пристапот до здрава храна помеѓу луѓето од различна припадност, па така маргинализираните групи имаат 2,6 пати поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2 отколку останатите во истата возрасна група, соодветно. Овие статистички податоци откриваат мрачна иднина за модерниот човек, особено ако не се преземат чекори за подобро разбирање на влијанието што зонирањето и планирањето го имаат врз економијата и одржувањето на населбите кои во ваков контекст имаат штетни ефекти врз јавното здравје. Оттука, се иницира потребата од дефинирање на терминот социјална пандемија (social contagion) како феномен за да ја потенцира важноста на опкружувањето,  кое со своите физички и социјални карактеристики значително влијае врз здравјето на загрозените групи на граѓани.

Eating food at hawker centres has become a way of life for Singaporeans

Социјален култ кон брзата храна, производ на декадентните тенденции на заедницата

Социјалната пандемија вклучува однесување, емоции или состојби кои спонтано се шират низ група или мрежа. Општо земено, се подразбира дека таа е одвоена од колективното однесување кое произлегува од директен обид да се изврши општествено влијание.

Две широки поделби на социјална пандемија се бихевиоралната и емоционалната. Додека главно истражувањата во 20 век обично се фокусирале на негативни ефекти од насилното однесување на толпата, тенденцијата сега, честопати се однесува на релативно неутрални социјални епидемиолошки појави, како што е влијанието врз изборот за купување, па дури и на позитивните ефекти како тенденцијата луѓето да преземаат акции во однос на климатските промени штом тоа ќе го направат доволен број корисници од нивното соседство. Пример (социјален тренд, ширење декадентни појави, нарушувања во исхраната) кога индивидуалните карактеристики на единица простор, се пресликуваат во околината и се усвојуваат како општоприфатени, независно дали се позитивни или негативни.

Па така, доколку се земе предвид урбаното ткаење на една заедница, како своевидно пресликување на општествените, социјалните и бихевиоралните поставки на нејзините припадници, тогаш како би знаеле да ги окарактеризираме општоприфатените тенденции, како развој или декаденција на урбаната форма?

Лаички е да се констатира дека мултиплицирањето во кој било поглед, на одредена урбана типологија значи развој, и исто толку неблагодарно е да се одреди степенот на функционалност во даден плански опфат, без да се земе предвид можноста за адаптација и оптимизација на стандардот на корисниците. Професорот Стоколс, социјален екологист, во 1978 година овој реципроцитет ќе го проучува низ два сегменти;

(а) континуираната размена и реципроцитет што го карактеризира односот на поединецот со околината;

(б)  активно вклучување во процесите – на поединецот кон околината.

Додека адаптацијата се однесува на обидите на луѓето, да се справат со постоечките услови на животната средина, оптимизацијата вклучува планиран процес со кој поединците одлучуваат да го одржуваат или менуваат своето гледиште во согласност со степенот на развој на градовите. Континуитетот и реципроцитетот помеѓу индивидуата и средината се можни единствено доколку истите се функционални и ја поттикнуваат нивната активност и благосостојба. Во спротивно, корисникот преминува во пасивна адаптација, бидејќи самостојно не ги поседува механизмите да ја промени, па затоа и нејзината оптимизација е неможна.

Поради тоа тенденцијата на урбанистичкото планирање треба да се насочи кон контролирано адаптирање и оптимизирано мултиплицирање средини кои се безбедни, атрактивни, промовираат лесен пристап до природните ресурси и различни можности погодни за усвојување здрави начини на живот единствено преку градење мостови помеѓу повеќе дисциплини како што се социологијата, демографијата, урбанизмот и здравството што би помогнало да се поттикне здрав урбан развој на заедницата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top