Насловна / Вести / Најголемата соларна електрана во Словенија интегрирана со хидроцентралата Брежице

Најголемата соларна електрана во Словенија интегрирана со хидроцентралата Брежице

Хидроцентралата „Брежице“ го доби својот четврт сегмент, но не станува збор за уште еден агрегат од ист вид, туку фотонапонски систем од 6MW. Заедно сега сите сочинуваат хибридна електрана. Соларниот погон е поставен покрај акумулацијата. Новата фотонапонска постројка е најголема во Словенија. Исто така, тоа е единствена постројка од ваков вид која е приклучена на мрежа со напон од 110 kV. Фотонапонската електрана FEBR-D3 овозможува поголема флексибилност во производството на електрична енергија. Со системот управува компанијата HESS, која е под контрола на државните компании HSE и GEN.

brezice1

Новиот погон е завршен во ноември минатата година, а наредниот месец е приклучена на мрежа. Хидроцентралата „Брежице“ е изградена во 2017 година покрај истоименото место во близина на границата со Хрватска и има капацитет од 47,4 MW. Компанијата HESS разработува и планови за приклучување на батерии за складиштење на енергија во склоп на своите електрани. Таа управува со хидроцентралите во долниот тек на Сава во Словенија.

brezice2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top