Насловна / Архитектура / Современа традиција како предизвик за општинска архива во Мајорка

Современа традиција како предизвик за општинска архива во Мајорка

Архитектонското студио Aulets Arquitectes реализираше интересен простор за чување и заштита на административните книги и општинскиот архивски материјал на градот Феланикс. Проектот за општинска архива на архитектонското студио Aulets Arquitectes се заснова на неколку материјали, и тоа: бетон, керамика, дрво, челик итн, што пак петте занаетчии при изведбата,  ги прави да се главните протагонисти во изградбата на објектот, ставајќи ја во фокусот нивната работа особено умешноста и знаењето на секој од нив за материјалите што се применуваат.

3 2

Осветлувањето на првиот кат од архивата е пригушеното осветлувајќи го просторот без да ја оштети докуементацијата. Во исто време, засводените пoвршини генерираат простор од светла повеќе во сенка кои овозможуваат поголема заштита за архивскиот материјал и каде што е административниот консултативен дел на автентичен начин раскажува за идентитетот на градот.

8 10 9 11

Парцелата е дел од урбан блок во историскиот центар на градот Феланикс. Место особено богато со органски дисперзирана градителска историја, што остануваат на парцелата како дел од материјалните отпечатоци на објектот и градот.

Објектот, накратко ја отсликува иновативната градителска нишка на територијата на Мајорка. Новата интервенција, наменета за општинската архива, е дел од анонимната и скромна архитектура на контекстот, импресивно интегриран во урбаниот наратив на блокот затворен кон јавниот простор, но отворен во внатрешноста.

12 11 17 16 18

Испрати коментар

Scroll To Top