Насловна / Арт и дизајн / Војо Станиќ, црногорскиот сликар на обични, мали луѓе и град созаден од фантазија

Војо Станиќ, црногорскиот сликар на обични, мали луѓе и град созаден од фантазија

Војо Станиќ неодамна го прослави 99 роденден. Роден е на 3. февруари 1924. година во Подгорица, а израснал во Никшиќ. Дипломирал скулптура на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1951 година, во класата на професорот Алојз Долинар. Првично се запишал на сликарство, но веднаш се префрлил на скулптура.

8

По завршувањето на студиите се преселил во Херцег Нови, каде живее до денес. Во 1958 година почнал да предава како професор на Вишата педагошка школа на Катедрата за ликовно образование и почнал да се занимава со сликарство. Во училиштето предавал се до неговото затворањето во 1965 година. Оттогаш Станиќ е слободен уметник. Престојот во Париз во 1958 година и Рим во 1973 и 1974 година влијаеле на формирањето на неговиот стил.

6

Неговите слики често се сместени на Медитеранот, а неговите ликови се обични, мали луѓе. Некои ги слика по улиците и во гужви, а некои ги остава сами во нивните соби. Комбинира реално и нереално, со елементи на фантастично. Критичарите пронаоѓаат сличности со надреализмот на Рене Магрит и метафизиката на Џорџо де Кирико. Станиќ не го променил својот стил и не го прилагодувал на трендовите во сликарството; тој ја игнорирал апстрактната уметност тврдејќи дека „човековиот лик е врвен мотив на секоја уметност“.

13

Низ прозорецот на ателјето, кое се наоѓа во неговата куќа во Херцег Нови, се пружа прекрасен поглед на брегот и морето. До прозорецот има двоглед низ кој може да се набљудуваат далечните бескрајни простори. Блиското и далечното се спојуваат во една единствена слика.

2

„Сите ѕидови во оваа куќа се покриени со слики од домаќинот. Станиќ, кој веќе има поминато деведесет години, посветено продолжува со својата работа, создавајќи уникатни ‘приказни’, своевиден ‘наратив’ од епска природа. И покрај фактот што димензиите на неговите слики се генерално релативно мали. Но, работата не е во нивните димензии. Влегувајќи во светот на Станиќ, заборавате на се“, велат критичарите.

3

Гледајќи ги сликите на Станиќ, сфаќате дека има еден град, град со предградија. Провинциски град, но не тивок, град кој не е заспан, туку многу жив. И забавен. Град кој не може да се најде на мапа, бидејќи е создаден од моќта на фантазијата на Војо Станиќ. Тој постои на свој начин, но во кој имагинарен простор е тешко да се каже. Час се намалува, час се зголемува, и се чини дека нема трајно упориште на земјата, туку патува со своите жители и нивните гости, главно покрај морскиот брег. Иако понекогаш е очигледно дека има асоцијации на одредени градби и археолошки споменици. Се јавуваат и реминисценции на пејзажи на Белград и Рим, кои иако постојат одделно, сепак влегуваат во еден условен уметничко-географски концепт, во светот на Станиќ.

15

Градот е надреален, апсурден, иако на свој начин е драг, уреден и привлечен. Тешко е да се каже дали би било добро таму да се живее, тоа може да биде доста опасна професија. Но, секогаш е интересно да се погледне низ очите на Станиќ.

14

Зборувајќи за надреалноста на малото гратче покрај море, не треба да се губат од вид различните забавни настани чии актери се локалните жители, чија физичка и морална сила се тестирани од судбината. Станиќ дефинирал многу поставувајќи го својот театар на апсурдот на сцената на имагинарен провинциски град покрај море.

1

Станиќ од 1952 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Црна Гора, а од 1985 година редовен член Црногорската академија на науките и уметностите.

4

Имал повеќе самостојни изложби во Црна Гора и низ светот (Подгорица, Херцег Нови, Свети Стефан, Белград, Нови Сад, Сомбор, Загреб, Болцано, Берлин, Осло, Рим, Њујорк, Москва). Станиќ ја претставувал Црна Гора на 47. Венецијанско биенале, 1997. година.

7

5

9

10

11

12

Испрати коментар

Scroll To Top