Насловна / Вести / Холандија воведува данок за производството на енергија од обновливи извори

Холандија воведува данок за производството на енергија од обновливи извори

Холандија воведува данок на производството на енергија од обновливи извори, и тоа на ниво под препорачаното од страна на Европската Комисија. Таа земја произведува 26% од своите потреби за електрична енергија од обновливи извори, како и 8% од потребната енергија за ладење и греење.  Во 2021 година, од обновливи извори се произведени околу 40.000 GWh електрична енергија. Данокот ќе се изгласа во текот на 2023 година, но ќе биде применуван ретроактивно и за оваа година. Ограничувањето на цените на пазарните приходи е поставено на 130 EUR/MWh, приходите над овој лимит ќе подлежат на данок од 90%. ЕУ регулативата има лимит на цената од 180 EUR/MWh, односно холандската граница е значително пониска. Холандија објави дека собраните средства ќе ги реинвестира во помош за домаќинствата во екот на енергетската криза. Оваа горна цена се применува за електричната енергија произведена по пат на т.н „инфрамаргинални технологии“. За Холандија тоа вклучува електрична енергија произведена од ветер, Сонце, хидроенергија, биомаса, биогас, отпад, јаглен и нуклеарна енергија.

holland1

Данокот ќе се пресметува на месечна основа, што значи дека секој календарски месец вкупниот приход треба да се подели со вкупно произведената енергија. Ако просечната цена надминува 130 EUR/MWh, вишокот ќе биде оданочен со 90%. Ограничувањето нема да се применува на производниет постројки со капацитет под 1 MW.

holland2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top