Насловна / Вести / Германија одбива да ги означи нуклеарките како „зелени“ инвестиции

Германија одбива да ги означи нуклеарките како „зелени“ инвестиции

„Германија ќе се спротистави на плановите на Еропската унија да ја вклучи нуклеарната енергија како одржливо инвестирање во својата политика односно таксономија за означување на „зелените“ вложувања“, соопшти германската влада. Брисел бара одобрение од земјите членки и од Европскиот парламент, за својот план за означување на природниот гас и нулеарните електрани како вложувања кои се поволни за климата, што има поделено мислење кај државите кои не се сложуваат околу тоа нуклеарната енергија да се смета за „зелена“.

taxonomy1

„Сојузната влада го изразува своето противење на правилата на таксономијата за нуклеарната енергетика. Ова „не“ е важен политички сигнал кој јасно вели: нуклеарната енергија не е одржлива и затоа не треба да биде дел од таксономијата“, истакнуваат од Министерството за животна средина и од Министерството за економија и клима во своето заедничко соопштение.

Mairead McGuinness

За да се отфрлат овие правила, 20 од 27 земји на ЕУ ќе мора да бидат „против“, што е висок праг и се смета дека е малку веројатно да се постигне. Сепак, ставот на Германија би можел да го насочи и мислењето во Европскиот парламент, каде што постојат теоретски шанси мнозинството би можело да ги блокира овие инвестиции на гласањето во јули. Претходно и Австрија и Луксембург се заканија со правна постапка поради планот за означување на нуклеарната енергија како „зелена“. Прашањето станува посебно чувствително во актуелната енергетска криза, бидејќи Евроопа се обидува да направи забрзан исчекор од фосилните извори. Од друга страна, Франција и уште 13 други земји се решително „за“ нуклеарната енергија.

taxonomy3

Испрати коментар

Scroll To Top